Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

23°

Временска прогноза

23° 13°27.04 / Пет
22° 13°28.04 / Саб
19° 11°29.04 / Нед
20° 13°30.04 / Пон
23° 11°01.05 / Вто
22° 11°02.05 / Сре
21° 12°03.05 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Членовите на Советот на Општина Прилеп ѝ дадоа зелено светло на предлог-одлуката на Владата за основање регионална депонија за Пелагонискиот Регион и за изградба на потребната инфраструктура за неа. Депонијата треба да биде лоцирана на територијата на Општина Новаци, а ќе значи затворање на постоечките ѓубришта на кои општините од Пелагонискиот Регион го депонираат сметот.

Прилепските советници одобрија изградба на регионална депонија - deponija alinci prilep

Концептот за интегрирано регионално управување со отпадот е преземен од претходната Влада и датира некаде од 2010 година. По налог на ЕУ, направени се повеќе истражувања, од кои произлегла намерата регионалната депонија во Пелагонискиот Регион да се гради во Општина Новаци и во неа отпадот да го депонираат шест општини: Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Ресен и Крушево. Со системот на депонирање на отпад кој сега функционира, ние немаме депонии, туку ѓубришта со кои ги загадуваме земјата, подземните води и воздухот. Со концептот на интегрирано управување на отпадот ќе се стимулираат и општините, и граѓаните, што повеќе да го селектираат отпадот, а што помалку да го депонираат – вели в.д. директорот на јавното претпријатие „Комуналец“ од Прилеп, Звонко Јованоски.

Јованоски појаснува дека во моментов не може да стане збор за управување со отпад, од причина што дури 70 отсто од него се депонира, а се рециклира само околу 30 отсто. Според него, новата регионална депонија ќе биде санитарна депонија, во која отпадот ќе се преработува, а ќе се депонира во најмали можни граници, најмногу до 10 отсто.

Со депонијата ќе стопанисува концесионер кој ќе го наплаќа депонирањето на отпадот, што значи колку повеќе комуналните претпријатија ќе носат отпад на депонијата, толку повеќе ќе плаќаат. На пример, концесионерот кој ќе управува со депонијата ќе наплаќа минимум 20 евра од еден тон депониран отпад. Прилеп во моментов депонира 100 тони отпад, што значи дека дневно ќе треба да плаќаме 2.000 евра. За да не се случи тоа, отпадот треба да го селектираме и да го продаваме, а не да го депонираме – истакнува Јованоски.

Коментари

Коментари

Реклама