Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

-1°

Временска прогноза

-1° -1°19.01 / Пет
20.01 / Саб
-0° 21.01 / Нед
-1° -8°22.01 / Пон
11° -2°23.01 / Вто
11° -1°24.01 / Сре
-2°25.01 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Адвокатот Жарко Стеваноски од Прилеп, кој е бранител на осомничениот за опожарениот локал во Прилеп, бара од сопственикот Бисерко Тркља, исказите дадени пред медиумите на прес конференција да ги повтори на полиграфски тест.

По изјавите дека му барале рекет: Адвокатот на осомничениот за запалениот локал во Прилеп, бара сопственикот да ги повтори изјавите на полиграф - biserko pab

Реакцијата на адвокатот на одбраната, Жарко Стеваноски, а од име на осомничениот ви ја пренесуваме во целост: 

По повод изјавата за медиумите дадена на ден 10.01.2018 год.од страна на сопственикот на угостителскиот објект „The Gallery House pub„, Бисерко Тркља од Прилеп. Најостро го осудуваме обидот на сопственикот на опожарниот објект, на настанот кој се случи да му дава политичи предзнак и целосно ги демантираме обвинувањата за постоење на наводна изнуда.

Од причини што постапката е сеуште во фаза на истрага, особено кога тој учествува во постапката во својство на оштетен, изнесувањето на невистини за видот и висината на штетата, мотивите на осомничениот, инвловираност на државните органи кои постапуваат по предметот и слични тенденциозни изјави единствено значат незаконито влијание врз текот на постапката и органите кои во неа учествуваат како што се МВР, судот и јавното обвинителство.

Без да го нарушуваме демократското право на оштетениот да изнесува свои ставови, предупредуваме дека на ваков начин оштетениот го злоупотребува неговото право како странка во постапката, преку медиумите незаконито да влијае и врз сведоците, вештите лица и другите учесници во постапката.

Во насока на демантирање на обвинувањата на сопственикот на објектот, чувствуваме за потреба да ја информираме јавноста дека во текот на претходната постапка од страна на МВР-ПС ОН Прилеп од осомничениот беше побарана согласност врз него да се изврши полиграфско тестирање, токму заради утврдување на мотивите за настанување на штетниот настан, а во интерес на расчистување на шпекулациите кои се појавија низ дел од медиумите иницирани од оштетениот, и од негова страна беспоговорно е дадена согласност за негово полиграфско тестирање.

Резултатите од извршеното полиграфско тестирање повеќе од сигурно ја расчистуваат дилемата и потврдуваат дека настанот нема политичка позадина, ниту пак дека станува збор за било каква форма на изнуда и како таков ќе служи како доказ во текот на постапката.

Во таа насока јавно го повикуваме оштетениот од своја страна пред МВР да даде согласнот и врз него да се изврши полиграфско тестирање со цел да се утврди веродстојноста на неговите обвинувања и на таков начин јавноста да не биде мета на шпекулации особено што после ваквите јавно изнесени обвинувања во прилепската јавност се предизвикува чувство на несигурност и страв.

Одбраната на осомничениот во постапката пред ОЈО Прилеп, ќе побара санкционирање на оштетениот за ваквата и слични злоупотреби и јавно изнесување на ставови и заклучоци за конкретниот настан, со цел да се спречи незаконитото влијание на оштетениот врз текот на постапката и да се обезбеди објективно информирање на јавноста а со тоа и правичен судски епилог.

Коментари

Коментари

Реклама