Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

22°

Временска прогноза

22° 17°17.07 / Вто
21° 16°18.07 / Сре
23° 16°19.07 / Чет
23° 15°20.07 / Пет
27° 13°21.07 / Саб
31° 17°22.07 / Нед
28° 17°23.07 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

По 12-ти пат во организација на Детската амбасада за сите деца од светот, вчера во Прилеп се одржа божиќен ручек на кој присуствуваа 500 деца од цела Македонија. На заедничка трпеза седнаа деца без родители, деца од ранливи категории, кои под мотото "Едно небо за сите деца", се дружеа и празнуваа.

Божиќен ручек за  500 деца во Прилеп - boziken rucek prilep

Ние децата се дружиме и покажуваме дека сите сме исти - рече Јана Неделкоска, дете амбасадор.
Градоначалникот Илија Јованоски посакувајќи им здравје и радост на децата, посочи дека општината ќе отвори Центар за церебрална парализа.

Митрополитот Петар благословувајќи ја трпезата, посочи дека Божиќ е голем празник.

Посакувам мир, здравје и радост за луѓето. Да бидеме љубезни, чисти и пред се луѓе - рече митрополитот Петар.

Годинашен добитник на Орденот за мир е УНИЦЕФ.

Коментари

Коментари

Реклама