Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

15.12 / Пет
11° 16.12 / Саб
17.12 / Нед
-1° -5°18.12 / Пон
-0° -1°19.12 / Вто
-3°20.12 / Сре
-0° -8°21.12 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

До Хелсиншкиот комитет пристигна пријава за повреда на работнички права во конфекција во Прилеп.

Хелсиншки комитет: Пријавени повреди на работничките права во конфекција во Прилеп - tekstilki

Според тврдењата во пријавата, работодавачот не им издавал месечни писмени пресметки за плати на вработените, па тие не се во можност да ја видат месечната пресметка на својата плата ниту плаќањето на придонесите.

Вработените во конфекцијата секој месец имале 32 часа прекувремена работа, која не била платена, а се работела и секоја сабота. Конфекцијата работела и за време на државни празници, а работодавачот на вработените не им исплаќал надоместоци на плата за работа на државен празник. Согласно тврдењата во пријавата, на вработените им се прекршувало и правото на користење на годишен одмор и не им се плаќало отсуството од работа за боледување.

Хелсиншкиот комитет за овој случај ќе поднесе барање за вонреден инспекциски надзор во кое ќе побара Државниот инспекторат за труд да ги испита наодите од пријавата и ќе продолжи да го мониторира случајот, односно да следи какво решение ќе донесе Државниот инспекторат на труд и дали работодавачот ќе постапи по истото.

Коментари

Коментари

Реклама