Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

22°

Временска прогноза

22° 17°17.07 / Вто
21° 16°18.07 / Сре
23° 16°19.07 / Чет
23° 15°20.07 / Пет
27° 13°21.07 / Саб
31° 17°22.07 / Нед
28° 17°23.07 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

ВМРО-ДПМНЕ имаше 12 години да обезбеди мерни станици за квалитетот на амбиенталниот воздух - се вели во реакцијата на партијата на прес конференцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ имаше 12 години да обезбеди мерни станици за квалитетот на воздухот - sdsmprilep1

Но, наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ, ги трошеше парите на граѓаните на популистички реклами дека здравјето нема цена, без притоа да преземе ниту еден чекор за обезбедување почист воздух.

Дополнително, бившата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исече дрворедите од градското подрачје на Општина Прилеп, со што ги отстрани и оние малку дрвја што ни даваа кислород во градот.

Затоа, ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ, во најблага форма кажано, се лицемерни и служат само за собирање на ситни дневно политички поени.

Владата на Република Македонија и новата општинска власт, имаат сериозен и одговорен пристап по однос на прашањето за обезбедување почист воздух, без да ги доведуваат во заблуда граѓаните.

Затоа, работиме активно и внимателно на обезбедување долгорочни услови за почиста животна средина во интерес на сите граѓани на Општина Прилеп“, се вели во реакцијата на СДСМ Прилеп на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

Коментари

Реклама