Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

22.11 / Сре
-2°23.11 / Чет
-3°24.11 / Пет
-2°25.11 / Саб
26.11 / Нед
27.11 / Пон
10° -0°28.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски именуваше нови седум вршители на должноста директори на три средни и четири основни училишта, соопштуваат од Кабинетот на прилепскиот градоначалник.

Именувани нови седум в.д. директори на три средни и четири основни училишта во Прилеп - prilep panorama

За нов в.д. директор на СОУ„Ѓорче Петров“ е именуван Страшо Ѓорѓиоски на местото од досегашниот директор Дејан Димоски, а нов в. д директор на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ е поставена Билјана Маркоска на местото од Васил Гајтаноски.

Димитријанка Манолева е нов в.д директор на СОУ „Орде Чопела“ на местото од досегашната директорка Елизабета Трајкоска. На ООУ „Гоце Делчев“ денеска за нов в.д. директор е поставен Веле Ѓорѓиоски, кој го замени досегашниот директор Трајче Каралиоски.

На ООУ „Кочо Рацин“ нов в.д. директор е Зора Чадамова на местото од Петре Крагуески, во ООУ „Круме Волнароски“ во селото Тополчани за в.д. директор е именувана Јасмина Караниколова на местото од Дејан Бунтески, а за нова в.д директорка во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ е назначена Кети Стевананџија  на местото од досегашниот директор Николче Кузески.

Коментари

Коментари

Реклама