Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

19.02 / Пон
20.02 / Вто
21.02 / Сре
22.02 / Чет
10° 23.02 / Пет
12° 24.02 / Саб
13° 25.02 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Невладината организација АГТИС од Прилеп додели награди на најдобрите видео перформанси реализирани во проектот  „Демистификација на меѓуетничките конфликти“ на кој беа доделени награди на најдобрите видео- перформанси.

agtis

Проектот е финансиран од Амбасадата на САД во Македонија и е во реализација на АГТИС и партнерските организации МКЦ - Битола, ИРЗ - Тетово, АДИ - Гостивар, Мултиетникум - Долнени и Асоцијација Зенит - Скопје.

Целта на проектот е намалување и/или елиминирање на меѓуетничките тензии и конфликти кај средношколската младина во Македонија и нивна суштинска и одржлива релаксација, низ демистификација на општата политичка клима и политичката манипулација, а тоа го прикажуваме преку социјално-ангажирана уметност.

Стратегиите за остварување на проектните замисли се земени од средини, во кои се тие употребени и проверени, па за нас се мошне иновативни. Една од нив е „шок методологијата“, која делува на привлекување на вниманието на ТВ аудиториумот, но исто така беа користени Role play методологии, видео обуки, кратки и креативни Фејсбук видеа, учество на познати лидери на мислење за постигнување кредибилитет пред заедницата и пред дечињата.

Технологијата им дозволува на луѓето да создадат и споделуваат вести на локално ниво во град, село, па дури и маало. Така, преку новата техника Community reporting - „Известување на заедницата“ која исто така ја користевме во овој проект, младите имаа прилика да ги раскажат своите приказни, проблеми, или креативни идеи на своите општини дистрибуирајќи го својот сопствен глас.

Користејќи ги сите овие техники и алатки, младите раководени од АГТИС и партнерските организации, успеаја да реализираат 18 видео перформанси, од поучен и едукативен карактер, а истовремено социјално - одговорни.

На настанот учествуаа координаторите на сите партнерски организации, заедно со претставници кои соработуваа во проектните активности. Присутните имаа прилика да ги гледаат сите видео перформанси, а потоа да гласаат за своите фаворити. На крајот се доделуваа награди на трите најдобри постигнувања и им беше доделувана награда од 200 $ за I место, 150 $ за II место и 100 $ за III место.

Младинците преку овие видеа испратија јасна порака до политичарите дека не можат повеќе да бидат манипулирани и делени по етноси и дека не е важна националноста за пријателство, соработка и соживот - туку индивидуалноста.

Социјално-ангажираната уметност, која се темели на психолошки техники специјално дизајнирани кај младите предизвика позитивна промена во градење личен наместо групен идентитет.

Оттука, промената се одрази на зголемена индивидуалност и лична одговорност помеѓу средношколците и зголемување на резистентноста на учениците на манипулативните политички техники. Повеќе за проектот, настанот и видео перформансите можете да прочитате и видите на: Веб-страната на АГТИС: http://agtis.org.mk/current-projects/temp- 22/?setlang=mk

Коментари

Коментари

Реклама