Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

29°

Временска прогноза

29° 18°01.09 / Пет
28° 20°02.09 / Саб
24° 16°03.09 / Нед
21° 15°04.09 / Пон
22° 10°05.09 / Вто
23° 06.09 / Сре
27° 15°07.09 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Градоначлникот на Прилеп, Марјан Ристески, преку соопштение реагира на одлуката на Основниот суд Прилеп, во кое обвинува дека судот без да спроведе постапка во која што би ги соочиле аргументите, го потврдил налогот доставен од ОЈО Прилеп, иако како што стои во реакцијата, „истиот е апсурден и на него имам изјавено приговор, така што одлуката на судот се смета како воопшто да не била донесена“.

За градоначалникот на Прилеп пресудата е апсурдна - Opshtina Prilep

Тој уште вели дека е убеден дека по спроведувањето на постапката во Судот ќе се докаже дека е целосно во право.

Штетата на општинската зграда ја предизвикаа други лица за време на шарената револуција, од кои треба да се бара одговорност. Јас како Градоначалник на Општина Прилеп имам обезбедено заштита на сопственоста на Општината
- стои во реакцијата

Ристески преку соопштението вели дека во Општината функционира служба за обезбедување на општинската зграда и има видео надзор за набљудување на околината на зградата, со што во целост го имам применето членот 50 ст.1 т.15 од Законот за локалната самоуправа.

Целта на сите овие случувања е дискредитирање на мојата личност, локалната самоуправа и сите проекти кои се реализирани во градов изминативе дванаесет години со што Прилеп од едно заборавено место стана препознатлив бренд во Република Македонија
- се наведува во реакцијата.

Коментари

Коментари

Реклама