Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

26°

Временска прогноза

26° 18.10 / Сре
18° 19.10 / Чет
17° 20.10 / Пет
17° 21.10 / Саб
23° 22.10 / Нед
17° 11°23.10 / Пон
16° 24.10 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Врз основа на кривичната пријава која минатата година Општинската организација на СДСМ-Прилеп ја поднесе против екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Панче Дамески, Кинолошкиот сојуз на Република Македонија (КСРМ) поведе постапка со која од поранешниот пратеник и прв човек на Сојузот бара да врати 35.680 евра.

Кинолошкиот сојуз бара од Панче Дамески да врати 35.680 евра - panche dameski
Панче Дамески, поранешен претседател на КСРМ

Пишува: Зоран Милошески

Како тогашен претседател на КСРМ, во 2011 година од Кинолошката федерација на Република Бугарија Дамески примил донација во износ од 35.680 евра. Средствата во Софија му ги предал претседателот на бугарскиот кинолошки сојуз Камен Георгиев Литов, за што постои и официјален документ односно Договор за донација. Од Договорот склучен на бугарски јазик, јасно се гледа дека на 28.01.2011 година во Софија Литов на Дамески му предал 35.680 евра, средства кои требало да бидат искористени за потребите на македонскиот Кинолошки сојуз.

publikum kinoloshki panche

Според подносителот на кривичната пријава, постои сомневање дека овие средства кои Дамески ги примил на рака не биле префрлени на сметката на КСРМ. Претставници на Кинолошкиот сојуз биле повикани во прилепското Основно јавно обвинителство (ОЈО), при што од нив било побарано да се изјаснат дали КСРМ има претрпено некаква материјална штета. Одлуката на Извршниот одбор на Кинолошкиот сојуз за поведување постапка за поврат на средства од лицето Панче Дамески, е доказ дека во постапката пред ОЈО Сојузот пријавил штета.

Со поднесената кривична пријава поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Панче Дамески се сомничи дека ги сторил кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, како и кривичното дело „Затајување“.

Публикум

Коментари

Коментари

Реклама