Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

22.11 / Сре
-2°23.11 / Чет
-3°24.11 / Пет
-2°25.11 / Саб
26.11 / Нед
27.11 / Пон
10° -0°28.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во недела, на 23 април, за прв пат во Прилеп, во организација на планинарското друштво „Мамути“ ќе се одржи планинарскиот марш посветен на Томе Темелкоски, човекот кој беше иницијатор и кој го градеше планинарскиот дом на Селечка планина.

За прв пат во Прилеп ќе се организира планинарскиот марш „Томе Темелкоски“ - C512FBA106FC075C9C8162968D89CDC8139BBAFF8068298C83pimgpsh fullsize distr

Стартот на маршот ќе биде во 8 часот од кај манастирот „Св. Димитрија“ во село Селце, а потоа патеката продолжува на повеќе места на Селечка планина.

Маријана Георгиевска, член на планинарски клуб „Мамути“

Оваа година решивме да започнеме еден марш, кој се надеваме дека ќе стане традиционален, по повод Томе Темелкоски, кој што ни го остави во наследство планинарскиот дом на Селечка планина и споменикот „Устрелец“ кој е посветен на загинатите бранители на Карпалак.

Патеката ќе била маркирана и таа спаѓала во категоријата средно тешки планинарски патеки, долга е околу 15 км. а се очекувало на маршот да присуствуваат околу 400 учесници. Инаку „Мамути“ е релативно млад планинарски клуб, оформен во декември 2016 година.

„Владимир Јованоски, член на планинарски клуб „Мамути“

Првата пауза ќе ја имаме на локалитетот „Домаќинско чешмуре“ од каде потоа се влегуваме во шумата и се упатуваме кон местото „Стебови“ од каде има прекрасен поглед на Пелагонија, на високите врвови на Солунска глава, Галичица, Шарплани и други. Од таму се упатуваме кон рудникот за ураниум кој бил експлоатиран во минатото. Потоа се оди кон споменикот „Устрелец“ каде ќе оддадеме почит на загинатите бранители на Карпалак во 2001 година. Се посетува планинарскиот дом кој го градеше Темелкоски, а од таму пак се спуштаме кон манастирот „Св. Димитрија“ во Селце каде за сите учесници на маршот ќе има организирано ручек.

Планинарското друштво „Мамути“ е доста младо и во него членуваат многу млади ентузијасти кои се љубители на планините и екологијата.

Коментари

Коментари

Реклама