Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

16°

Временска прогноза

16° 34°02.07 / Нед
16° 15°03.07 / Пон
20° 16°04.07 / Вто
28° 15°05.07 / Сре
29° 16°06.07 / Чет
31° 17°07.07 / Пет
32° 19°08.07 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Најголемите работодавачи во Општина Прилеп, јавните претпријатија, продолжуваат со вработувањата. Овој пат тоа го прави ЈКП „Водовод и канализација“. На првично планираните 3, се надоврзаа уште 16 други, така што вкупно 19 лица ќе станат сопственици на Решенија за вработување на неопределено време.

Предизборно вработување?: Нови 19 вработувања во ЈКП „Водовод и канализација“ - Прилеп - vodovod prilep

Освен невообичаено големиот број на вработувања, симптоматично е и тоа што огласот беше распишан во пресрет на локалните избори, кои требаше да се одржат во втората недела од мај.

Од јавното претпријатие велат дека причините поради кои го распишале огласот бил зголемениот обем на работа и тековното функционирање на фирмата.

„Распишувањето на огласот за вработување е последица на повеќегодишното прилагодување на одредбите на новодонесените два закона по кои треба да постапува Јавното претпријатие, а тоа се Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници донесени во 2014 година. 

Согласно одредбите од претходно наведените закони, ЈКП „Водовод и канализација“-Прилеп донесе Правилници за систематизација и организација на работните места кои ни беа одобрени од Министерството за информатичко општество и администрација, а во кои предвидовме профил на работници наведени во огласот“ 

– велат од јавното претпријатие.

Објаснувајќи ја комплетната постапка за распишување на огласот, од Одделението за човечки ресурси и правни работи при ЈКП „Водовод и канализација“ велат дека објавувањето на огласот во предизборието било сосема случајно и дека во него немало никаква политичка позадина. Меѓутоа, постојат уште неколку нелогичности поврзани со распишаниот оглас.

Имено, иако огласот во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“ и „Коха“ е објавен на 28.02.2017 година, тоа не е истовремено направено и на официјалната страна на Агенцијата за вработување туку, случајно или намерно, на 09.03.2017, еден ден после доставувањето на нашите прашања до ЈКП „Водовод и канализација“. 

Исто така остана нејасно кога бил објавен огласот за прием на тројца работници, од причина што на огласот објавен во трите весници јасно стои дека истиот е распишан за 16 лица, додека во оној објавен на страната на Агенцијата со 9 дневно задоцнување, за 19 лица!?

Она што е сигурно, е дека огласот траеше 15 денови, дека заврши на 14.март и дека за многу скоро време бројот на вработени во ЈКП „Водовод и канализација“ ќе биде зголемен за 19 лица. Она пак што е уште почудно е што од непознати причини прилепската опозиција остана нема и воопшто не го ни спомена распишаниот оглас.

Зоран Милошески / Слободна

Коментари

Коментари

Реклама