Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

17°

Временска прогноза

17° 19°21.05 / Пон
19° 14°22.05 / Вто
20° 14°23.05 / Сре
18° 13°24.05 / Чет
23° 13°25.05 / Пет
23° 13°26.05 / Саб
25° 15°27.05 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

АГТИС го имлементира проектот „Да се видам со твоите очи“, кој е финансиран од ЕИЖ. Проектот ќе трае до месец август.

 comunity reporting2

Цел на проектот е да допринесе кон поголемо вклучување на младите девојки во процесите на одлучување на локално ниво, преку зголемување на јавната сензитивност на локалните заедници за родовите прашања и подигање на свесноста за посебните човекови права на жените.

Александар Цветкоски - „АГТИС“ - Прилеп

Ова ќе биде постигнато преку едукација на девојки од средните училишта, кои директно ќе работат за постигнување на овие цели, со што ќе станат "Информаторки на заедницата" за родови права, фасилитаторки и модераторки за родово сензитивни иницијативи. Тие ќе бидат обучени со „Peer Learning Pals“ и „Community reporting” методите, со користење современа видео и аудио опрема, компјутрерски техники. Преку таа обука тие ќе научат да осмислат и креираат видео - јавни извештаи со кои ќе ги изразат проблемите на кои наидуваат во секојдневниот живот. Oсновниот проблем кој го воочивме и на кој ќе работиме во овај проект е минорната вклученост на младите девојки во процесите на донесување одлуки на локално ниво, зааедно со падот на родовите вредности во општеството и последиците кои тоа го носи, со акцент на намалување на социјалните, меѓуетничките и меѓуконфесионалните односи, контакти и девастирање на моделот за заединчки современ живот. Тоа создава ефект на „намалена вредност“ кај девојките во руралните средини, а воедно и го зајакнува патријархалниот начин на размислување.

Хоризонталниот опфат на проектот е Пелагонискиот плански регион (целниот аудиториум), кој се состои од 9 општини, од кои 5 се рурални, преку регионални ТВ куќи, Фејсбук и ВЕБ дисеминација за допирање до младите луѓе во Македонија, НВО-и во Прилеп и Долнени, а најсилно влијание во Прилеп и општина Долнени ќе биде остварено преку работата на целната група на Известувачи на Заедницата(Community reporters). Ултимативна цел на проектот е младите девојки да стекнат вештини за проценка на опкружувањето, самопроценка, подобра информираност и свесност за сопствените општи и посебни права, как степенот на нивно исполнување и граничувањата на средината да се покажат во јавноста во форма на информирање на јавноста (мало новинарство), каде тие ќе се најдат во центарот на „веста“ и со тоа ќе стекнуваат лидерски статус и самодоверба на таквиот пат.

Коментари

Коментари

Реклама