Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

17°

Временска прогноза

17° 19°21.05 / Пон
19° 14°22.05 / Вто
20° 14°23.05 / Сре
18° 13°24.05 / Чет
23° 13°25.05 / Пет
23° 13°26.05 / Саб
25° 15°27.05 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

 Невладината организација АГТИС од Прилеп,  во Скопје одржана работилница за евалуација на проектот „Фасадата држи, темелите тонат“, која оваа година беше имплементиран од оваа организација.

Експерти и аналитичари го евалуираа проектот "Фасадата држи темелите тонат" на прилепската организација АГТИС - Agtis prilep evaluacija na proekt

Проектот е финансиран од NED, а целта на  евалуацијата беше независни и релевантни евалуатори да дадат свој осврт на имплементацијата и резултатите од сработеното.

За таа намена овде беа присутни Сашо Орданоски, Горан Величковски, Петар Арсовски, Божидар Барлакоски, Зорана Гаџовска, Мишко Иванов.

На евалуацијата се говореше за степенот на интерес на медиумите и граѓаните за теми од јавниот морал, користењето на хуморот, карикатурата и ангажираната уметност во социјално – одговорен контекст, за навиките на партиите, дипломатите, фејсбук и твитер заедниците, но и на целото општество во акцептирање на теми, кои се надвор од сивото секојдневие на партиски соопштнија.

Ова, се разбира, е контекст на секоја проценка на импакт и успешност (се евалуира и опкружувањето, а не само пласираните содржини). Посебно беа интересни разговорите за проценка на гледаност на ТВ емисиите каде содржините на овој проект се појавиле, каде е битна перформансата гледаност – доверба (квалитет на гледаност, а не само бројки на гледаност).

На работилницата имаше и стручно обраќање на консултант за дипломатија, која придонесе за разбирање на ефектите од презентирањето на резултатите од анкетата наменета за дипломатскиот кор, која се случи во месец јули. Тоа беше инспиративно укажување како „патуваат“ информациите во дипломатскиот кор, како и каде тие влијаат, дали се дел од извештаите до своите влади и ЕУ, и други разни теми од областа на оствареното меѓународно влијание.

Политичките аспекти на овој проект биле презентирани и пред 27 политички партии на работилница организирана во месец август од страна на 3 амбасади, каде својата работа пред партиите ја претставија повеќе невладини организации. Ефектите на оваа презентација исто така беа предмет на дискусија „кој – кого слуша“ (релација граѓански организации – политички партии).

Најтежок дел на евалуацијата беше импактот на активности, кои имале за цел да дисеминират апстрактни содржини со акцен на јавната едукација (за теми како што се надлежности, тројна поделба на власта, снижување на јавниот праг на толеранција кон лошото владеење и сл). Тука се наметнаа серија прашања, на кои евалуаторите и организаторите на работилницата пробаа да одговорат: Дали е возможна јавна едукација на населението и влијание за подобрување на информираноста за надлежностите на институциите, институцијата „непостапување“, поимите за добро и лошо владеење, ограничување на моќта низ поделба на власта и сл; дали силната здружена медиска кампања за јавна едукација на граѓаните може да го смали нивото на јавна толеранција кон злоупотребите; дали граѓаните можат постепено да се едуцираат да го препознаваат моралното и етичкото во понудите на политичките партии.

Од самата анкета, која била спроведена во мај и јуни, граѓаните на прашањата на јавен морал адекватно одговориле (65% од испитаниците го препознаваат и осудуваат јавниот неморал), но прагот на толеранција е сеуште превисок (во некои случаи тоа оди и до 33%, што е премногу за толку јасни прашања).

Базично, проектот на АГТИС цели кон промовирање предвидливост, пресметливост и транспарентност на владата и владините институции, а тргнува од непостоењето суштински и равноправен дијалог за состојбата и довербата во институциите на системот.

Нема дијалог – нема проценка на институциите – нема отчет за работата на институциите – нема јавна доверба во нив. Поради тоа проектот алудирал на јавната свесност на граѓаните за институциите – онака како што се дефинирани во законите и уставот, а не такви какви ни ги направија партиите (да не се слуги на граѓаните, туку на Владата), од што произлегува потребата да се подигне чувството на сопственост на граѓаните врз институциите, но за тоа да се поттикне мора да се знае дека: критиката е основа на развојот и позитивната промена кај институциите, институциите се наши, а политичарите само времено ги управуваат во наше име, не е потребно политичките фактори да „ги бранат“ институциите од нас граѓаните, неместо ние да ги браниме институциите од нив, граѓанската доверба во институциите на системот треба да се мери реално, затоа што степенот на доверба е алфа и омега на долгорочната ориентација на една држава, а во спротивност се јавува дезориентација во работата и насоките на владата и општеството не знаеме до каде сме со реформите, со ефикасноста на политиките и со добро владеење.

Од тука произлегувале и активностите, кои се насочени против пропагандата за празно правдање на работата на институциите и „билдање“ висока доверба во институциите со порачани анкети и гола пропаганда.

Проектот пласирал и различни методологии за борба со таквата пропаганда, со која институциите стануваат алатка против граѓаните! Една од новините во проектот е методологија за демистифицирањето на сакрализирани и митологизирани политички содржини.

Тоа е поимот „Општествено структуиран дефект“ (ОСД), кој е рамка на релативизација и рационализација на криминални и социопатолошки постапки, кои се дел од арсеналот за девастирање на јавниот морал, па во самата имплементација било важно да се етаблира овој термин и да се објасни неговата содржина, кој ги опфаќа граѓанското правдање на сите форми на неетичко, неморално, лошо владеење, номиналност, тоталитаризам и гушење на граѓанските права.

Коментари

Коментари

Реклама