Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

22.11 / Сре
-2°23.11 / Чет
-3°24.11 / Пет
-2°25.11 / Саб
26.11 / Нед
27.11 / Пон
10° -0°28.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

СДСМ Прилеп денеска поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Дамески, до Основното јавно обвинителство Прилеп.

 

Сашо Велески, претседател на ОО СДСМ Прилеп

Причината е основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, и кривично дело затајување, додека бил претседател на Кинолошкиот сојуз на Македонија. Панче Дамески, како претседател на КСРМ во 2011 година, во име на Сојузот примил донација во износ од 35.680,00 евра од Кинолошката федерација на Република Бугарија. Еве го документот од кој јасно се гледа неговиот потпис дека ги примил парите, заверен на нотар, и каде се гледа која е целта на дадената донација. Се сомневаме дека овие 35.680 евра, никогаш не стигнале на сметка на Кинолошки сојуз на Република Македонија! Дали овие пари се исплатени и подигнати во готово, како завршиле во РМ и каде?

Оттаму порачуваат дека Основното јавно обвинителство има обврска да го истражи случајот, да прибере докази и врз база на истите да покрене евентуална кривична одговорност!

Сашо Велески, претседател на ОО СДСМ Прилеп

- Ова ли е причината, зошто Панче Дамески како актуелен член на ЦО на ВМРО-ДПМНЕ и задолжен за населените места во Изборна единица 4, така ревносно и жестоко го брани режимот на Никола Груевски? Дали затоа и се обиде физички да се пресмета со мирните протестанти од шарената револуција во центарот на Прилеп?veleso vs pance

Коментари

Коментари

Реклама