Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

19.02 / Пон
20.02 / Вто
21.02 / Сре
22.02 / Чет
10° 23.02 / Пет
12° 24.02 / Саб
13° 25.02 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Невладината организација АГТИС објавува оглас за собирање на вистински случаи на граѓани во врска со постапките пред / во институциите на системот, кој е дел проектот „Фасадата држи, темелите тонат ... на институциите“, кој се занимава со јавната доверба на граѓаните во институциите.

АГТИС - Прилеп објавува оглас за граѓанско учество во проектот „Фасадата држи, темелите тонат ... на институциите“ - agtis logo

Покрај другите активности предвидено е собирање на вистински случаи на граѓани, во кои се тие оштетени или оневозможени од институциите било на незаконски или законски начин (молчење на администрацијата, примена на дискреционо право, примена на правен лавиринт во постапување по предмети, примена на нејнеповолното законско решение за граѓанинот, одвраќање на клиентот од барање на своите права пред други институции, и многу други начини на ускратување на правото на граѓанинот како странка или страна во постапките), и тоа за период од 20 години.

Секој добиен податок, „приказна“, допис од страна на граѓаните до АГТИС – во врска со споменатите случаи ќе биде деловна тајна и нема да биде изнесен ниту еден приватен податок на граѓанинот. Најинтересните случаи ќе бидат претставени на ТВ емисија на национален концесионер, без лични податоци. Дел од случаите после новинарска опсервација и припрема ќе бидат преправени (во форма на сценарио) и шеговито претставени во ТВ скеч.

АГТИС - Прилеп објавува оглас за граѓанско учество во проектот „Фасадата држи, темелите тонат ... на институциите“ - AGTIS karikatura

Сите овие случаи ќе послужат јавно да се предочи и опише лошо владеење преку институциите на системот, што е погубно за една држава, но исто така високо влијае во чувството на граѓанинот дека институциите се негова сопственост.

Поентата е едноставна: Ако една сомнителна или незаконита постапка на институциите ја опишеме јавно, има големи шанси таа да не се повтори и да излезе од „арсеналот“ на постапки на институциите за малтретирање на граѓаните.

Случајот раскажете го на кој начин што сакате и за тоа можете да не контактирате на тел: 048 432 432 емаил: agtis@t.mk,  facebook.com/agtis.prilep

Коментари

Коментари

Реклама