Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

19.02 / Пон
20.02 / Вто
21.02 / Сре
22.02 / Чет
10° 23.02 / Пет
12° 24.02 / Саб
13° 25.02 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Проектот “Спротивен меѓуетнички Role Play”, АГТИС и Општината Долнени го реализираат од почетокот на годинава.

 “Спротивен меѓуетнички Role Play” - проект во соработка на АГТИС и Општината Долнени - agtis dolneni

Овој проект се потпира на решеноста на општината, политичките партии и граѓанските организации нешто да сторат за сопствениот развој и подобриот живот. Рамка на проектот е изградбата на мир и помирување. Овој проект има за цел повишување на капацитетот на организациите од Долнени, за да можат да се организираат во локална мрежа за поддршка на развојот во општината.

Заради нивниот допринос за развојот на Општината, таа ќе им додели званичен статус во нејзините рамки. Генерална цел на проектот е амортизирање на „тивките пречки“ за добри меѓуетнички односи, доверба и соработката на заедниците во Долнени, со што би се превладале себичните и себично – политичките интереси во планирањето и спроведувањето на развојот.

Самиот проект се стреми да изгради локален капацитет за откривање на локалните проблеми и справување со нив, како и изградба на капацитет за искористување на шансите за развој на општината и граѓанскиот живот во неа. Проектот е финансиски поддржан од Екуменската иницијатива на жени од Омиш. Во рамките на овој проект во текот на јануари и февруари се организираа „Иницијални работилници“, во повеќе села во општината, на кои присуствуваа претставници на локални невладини организации, членови на неформални платформи и здруженија и заинтересирани личности од оваа општина.

Тука беа изложени проектните идеи, плановите на проектот, како и проблемите и мислењата на важни актери во општина Долнени околу планирањето на развојот на Општината, како и можната улога на граѓанските организации во тој процес. Како главни проблеми на општината, на работилниците беа посочени неможноста и недостатокот на здружен граѓански настап во врска со искористувањето на приликите за развој на општината, кои ги носи ИПА програмата, со посебен акцент на ИПАРД компонентата, проектите за погранична соработка, проекти, кои влечат средства од Фондот за недоволно развиени подрачја, локални и регионални патишта и други владините фондови.

Тоа е поврзано и со недостатокот на заедничко разбирање на проблемите за развојот помеѓу заедниците, недостатокот на заедничка визија за развој и слабото учество на граѓаните во работата на локалната самоуправа, што е случај насекаде низ Македонија. Заради тоа, целните групи ги посетија и обуките за изградба на капацитет, како и нивно вмрежување, со што се зголемија шансите на општината за добивање развојни проекти. На крај, после успешно реализираните активности: работилници, настапи на учесниците во тв емисии - медиумски настапи, снимените Role Play спотови, реализираните обуки, оваа сеграѓанската мрежа на локални организации од Долени, доби јавен имиџ и званичен статут од самата општина Долнени. Тоа беше презентирано пред јавноста на средба со граѓани во с. Житоше.

Со овој проект  се очекува да се подобри меѓусебната доверба и соработка - НВО соработката, би постоела трета независна страна, која би работела спрема интересите и приоритетите на граѓаните.

АГТИС се обврза барем една година да им помага при нивните акции, а општина Долнени ги отвора своите врати за соработка.

Коментари

Коментари

Реклама