Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

19.02 / Пон
20.02 / Вто
21.02 / Сре
22.02 / Чет
10° 23.02 / Пет
12° 24.02 / Саб
13° 25.02 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Објавата за продажаба на градежни парцели за индивидуално домување во станбената населбата „Градина“ веке е во тек, а рокот за пријавување е до 25 декември.

Нова објава за продажба на 3 парцели во станбената населба „Градина“ во Прилеп - naselba grtadina prodazba na zemjiste prilep

Јавното надавање ќе биде на 29 декември, а понудени се три градежни парцели со површина од околу 450 квадрати.

Еден метар квадратен чини 61 денар, а чекорот за надавање е 10 денари. Условите за пријавување подразбираат пополнување на електронската пријава, како и уплата на депозитот кој изнесува 30 % од почетната цена и фотокопија од лична карта.

Досега во оваа нова населба се продадени околу петнаесетина парцели од кои за неколку веќе има и одобрение за градење.

Општината е обврзана оваа нова станбена населба да ја среди комплетно инфраструктурно, односно водоводот, канализацијата, осветлувањето и асфалтирањето на улиците заедно со тротоарите.

Проектите се готови се очекува распишувањето на тендерот и отпочнување на гардежните активности со почетокот на пролетта.

Коментари

Коментари

Реклама