Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

22.11 / Сре
-2°23.11 / Чет
-3°24.11 / Пет
-2°25.11 / Саб
26.11 / Нед
27.11 / Пон
10° -0°28.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Прилепската Невладина организација ,,Рома СОС,, и преставници на Граничната полиција на средба со цел да се надминат проблемите околу враќањето на ромите при нивните обиди да патуваат во странство.

Прилепските роми обвинуваат за дискриминација при обид за патување кај нивни блиски роднини во странство - Romi vrateni od granica

Оттаму со став дека со донесена прва пресуда годинава потврдена е дикриминацијата на ром при обид за патување во странство, а ваквата појава продолжувала и покрај измените во два члена на Законот за патни исправи со одлука на Уставниот суд од јуни годинава.

За дел од присутните кои биле вратени при патувања кај нивни блиски најчесто синови во Германија и Австрија со претпоставка дека се баратели на азил, станува збор за дискриминација, затоа што се роми, иако поседувале најуредна документација и гарантни писма од нивните блиски дека ги покривата трошоците за престој.

Не вратија од граница, не знам зошто. Тие нека си водат слободно евиденција и контрола за другите луѓе, а ние си имаме таму наши деца. Патував со гарантно писмо, со патничко осигурување, со сите потребни документи. Без никакво објаснување од граница ме вратија. Симни се, не смееш да патуваш. Имам два сина кои живеат во Виена и Германија. Нити азил барам, нити азил ми треба, ни сакам нити имам потреба. Имам доволно услови за живеење. Децава ми се таму. Јас сакам мирно да патувам, кога сакам да појдам и да дојдам, а не само за еднаш.

Јанко Толев, инспектор во Граничната полиција, предупредува дека во последно време е забележан тренед на зголемено барање на азил на македонски граѓани во земјите од ЕУ, неделно меѓу 4 и 7 прилепчани се депортирале од некоја од европските земји, а како најчеста причина ја потенцира непоседувањето на потребната документација.

 Гарантно писмо од лицето каде ќе престојува, да има повратен билет или гаранција од лицето каде што ќе престојува дека во законски утврдениот рок ќе се врати назад во матичната земја, дека нема да биде барател на азил, да има доволно сопствени средства за издржување, истакна Толев дополнувајќи дека во најголем дел од земјите на ЕУ барањата за азил се решаваат експресно за 24 до 48 часа, а во уште неколку земји таа процедура трае околу еден месец, со напомена дека барател на азил не може да се надева на парична помош додека трае постапката за решавање на барањето, што граѓаните треба да го знаат пред да се решат да патуваат или да бараат азил во некоја од земјите членки на ЕУ.

Од МВР пак информираат дека од почетокот на годинава на над 3600 граѓани со македонски пасош не им е дозволено патување во странство поради немање на повратен авионски биллет, гарантно писмо, лично осигурување или недоволни средства за престој-норми и критериуми на ЕУ кои македонската гранична служба е задолжена да ги спроведува.

Канал 77 / Петар Димоски

Коментари

Коментари

Реклама