Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

18°

Временска прогноза

18° 25.09 / Вто
11° 26.09 / Сре
12° 27.09 / Чет
14° 28.09 / Пет
15° 12°29.09 / Саб
14° 11°30.09 / Нед
21° 01.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Премиерот Зоран Заев од Брисел најави прослава во 15 македонски градови в сабота по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во Алијансата.

 proslava nato poster.png

На вчерашниот прв ден од Самитот на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг ја потврди поканата за нашата земја и рече дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО кога ќе бидат завршени сите национални процедури и договорот за името со Грција ќе биде комплетиран.

Во соопштението од Владата стои:

Во името на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев, денеска упати покана до сите граѓани за заедничка прослава на историскиот успех на Македонија. Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина! Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани, тука, во нашата земја. Почитувани граѓани, Во сабота, на 14 јули, да се обединиме и заеднички да го прославиме историскиот успех на Македонија. Во 15 градови ширум земјата, заедно со најголемите домашни ѕвезди.

Скопје, почеток во 21:00 часот со: Кирил Џајковски, Архангел, Quepurdat

Битола, почеток во 21:00 часот со: Дејан Декс, Flooder, Дуке Бојаџиев, Горан Кан.

Велес, почеток во 21:00 часот со: Ферус Мустафов, Слаткар

Гевгелија, почеток во 21:00 часот со: Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански, Ерик Фокс

Гостивар, почеток во 21:00 часот со: Феки Ферис, Ареа Кавадарци, почеток во 21:00 часот со: Кристина Арнаудова, Нокаут

Кичево, почеток во 21:00 часот со: Адријан Гаџа, Владо Јаневски Кочани, почеток во 21:00 часот со: Лепи Џони, Баклава, Conquering Lion Куманово, почеток во 21:00 часот со Мухамед Ибрахими, Шутка Рома Рап, ПМЏ Колектив, Фолтин

Охрид, почеток во 18:00 часот со: Лозано, Исмаил Лумановски

Прилеп, почеток во 20:00 часот со: 5 Плус Бенд

Струга, почеток во 21:00 часот со: Бла бла бла, САФ, Маци Стојановиќ

Струмица, почеток во 21:00 часот со: Чалгија Саунд Систем, Љубојна

Тетово, почеток во 18:00 часот со: Биг Мама, Хај Контрол, Шпат Касапи, Дани Димитровска

Штип, почеток 21:00 часот, со: Елена Ристовска, ДНК

Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ!

Коментари

Коментари

Реклама