Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

25°

Временска прогноза

25° 22°26.06 / Сре
24° 19°27.06 / Чет
25° 14°28.06 / Пет
20° 13°29.06 / Саб
20° 15°30.06 / Нед
23° 18°01.07 / Пон
27° 20°02.07 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски зел 20 000 евра хонорар за неговиот ангажман како советник за енергетика на екс премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев.

Мицкоски како советник во Владата добивал по 1100 евра месечно - kristijan mickovski 520x293

Мицкоски бил советник од април 2015 до октомври 2016. Во овој период,  месечно му биле исплатувани по 68.000 денари или 1100 евра. Хонорар не добил за последните два месеци.

На последниот дуел со премиерот Заев, Мицкоски кажа дека работел про боно во Кабинетот на Груевски и на Димитриев.

Мицкоски како советник во Владата добивал по 1100 евра месечно - mickoski honorar

Според СДСМ документите покажуваат дека Мицкоски не ја говорел вистината кога рекол дека додека советувал Никола Груевски не добивал пари.

Додека граѓаните осиромашувале, додека се уништувала економијата и се трупале огромни долгови, Христијан Мицкоски ги чинел граѓаните 2 милиони денари„ пишува во соопштението од СДСМ.

Од партијата на Мицкоски велат дека „ова е обид на власта преку излитени и невистинити тези и тешки лаги и преку злоупотреба на информациите да се сокрие осиромашувањето на граѓаните и колективната кражба што ја прави на државата“.

 

Коментари

Коментари

Реклама