Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

12°26.09 / Сре
12° 27.09 / Чет
14° 28.09 / Пет
23° 10°29.09 / Саб
30.09 / Нед
-1°01.10 / Пон
13° 02.10 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

На плоштадот „Магнолија“ во Битола денес во 18:00 часот ќе се оддржи студентки протест против промената на името и, како што велат организаторите „Млади за Македонија“, против претворањето на земјава во двојазична држава.

Битолските студенти ќе протестираат против промената на името и двојазичноста во Македонија - bitola magnolija

Студентите се бунтуваат против прекршувањето на нивните основни човекови права и достоинство преку принудувањето да го сменат своето име и идентитет. Исто така, студнтите се бунтуваат и против незакониското и насилно воведување на втор јазик на целата територија на државата. Протестот е мултиетнички и ќе бидат присутни и припадници на помалите етнички заедници кои се чувствуваат дискриминирани од воведувањето на втор службен јазик на целата територија на државата“, се наведува во соопштението на „Млади за Македонија“.

Оттаму се додавава дека иако не во голем број, битолските студенти ја имаат поддршката и од дел од студените од албанска националност, кои сметаат дека нема потреба албанскиот да биде службен јазик во Гевгелија, Штип, Радовиш, Делчево и другите градови кај што не живеат припадници на оваа етничка заедница.

Студентите нагласуваат дека протестот е исклучиво непартиски и позади него не стои ниту една политичка партија. Организатори на протестите се студентите од сите универзитети од Македонија организирани кои настапуваат под паролата „Млади за Македонија“.

Коментари

Коментари

Реклама