Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

23°

Временска прогноза

23° 13°27.04 / Пет
22° 13°28.04 / Саб
19° 11°29.04 / Нед
20° 13°30.04 / Пон
23° 11°01.05 / Вто
22° 11°02.05 / Сре
21° 12°03.05 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Националните десничарски движења наместо на 27 април, годишнината од добропознатиот упад на толпа во Собранието на РМ по изгласувањето на Талат Џафери за претседател на законодавниот дом, ќе протестираат еден ден претходно - објави Фактор.мк.

 sobranie protest

Нема дециден одговор зошто датумот е поместен еден ден порано, откако неколку денови претходно било договорено тој да се одржи на 27-ми. Местото на собирот останува иста - Собранието на РМ, местото каде што тогаш движењето „За заедничка Македонија“ одржуваше секојдневни протести пред физичкиот напад над опозициските пратеници. 

И на 26-ти април денот од седмицата е четврток, но наместо минатогодишниот, кој беше наречен „крвав“, овој го викаме „родољубен“. Сами ја донесовме таа одлука, бидејќи имаме сознанија дека на 27 април ќе има раздвижувања на високи дипломати од странство низ главниот град. Според тоа, знаеме дека ќе има ограничувања кои ќе го кочат населението да допатува во голем број пред Собранието на РМ . Протест со добропознатите наши барања имаше на 27 февруари и 4 март, но овој очекуваме да биде најмасовен до сега - велат од координативната мрежа СУМ (Сите за унитарна Македонија).

Нивните барања, како што велат од таму, ќе бидат запирање на преговорите со Грција за промена на името, оградување од постигнатиот договор за добрососедство со Бугарија, законот за употреба на албанскиот јазик во РМ и барање на амнестија за притворените кои упаднаа и бараа упад во Собранието на РМ на 27 април минатата година.

Коментари

Коментари

Реклама