Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

13°

Временска прогноза

13° 19°25.04 / Чет
21° 14°26.04 / Пет
20° 10°27.04 / Саб
15° 11°28.04 / Нед
16° 29.04 / Пон
14° 30.04 / Вто
15° 01.05 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и викендов не ги усогласија ставовите за измените на Законот за судовите, а пред договор се за Законите за кривичната постапка и за Јавното обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се договорија за преостанатите реформски закони - sobranie

Неофицијално, извори од преговaарачките тимови на двете партии за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека има договор за Законот за кривична постапка и за обвинителството, додека разлики има за Законот за судовите, посебно кај дисциплинската одговорност на судиите.

Дали целосно ќе бидат отстранети разликите , ќе се види дали сите реформски закони ќе бидат ставени на собраниската Комисија за политички систем пред 17 април, кога треба да се објави препораката за напредокот на Македонија кон Европската унија.

На денешната седница на Комисијата, на дневен ред ставени се само измените на Законите за судови и за Судски совет, во второ читање.

Власта и опозицијата се договориле и за дел од изборното законодавство. Договорено било функционирањето на Државната изборна комисија (ДИК).

До септември, ДИК ќе функционира со претставници на политичките партии, со претседател од опозицијата, а мнозинство во Комисијата ќе има власта, како преодно решение. Од есен, ДИК ќе се биде стручно професионално тело во кое шест месеци пред избори, партиите ќе номинираат свои претставници.

ДИК во моментов остана само со еден член, претставникот на Движењето Беса, а експертите и членовите од СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа оставки по објавените скандали со патните трошоци кон крајот на минатата година.

Партиите ги усогласуваат и ставовите за изборниот модел, новиот закон за аудио и аудио визуелни услуги, собранискиот деловник и етичкиот кодекс на пратениците.

СДСМ бара наместо шест изборни единици, Македонија да биде една изборна единица, без отворени листи, а ВМРО-ДПМНЕ го преферира мнозинскиот систем.

Власта и опозицијата досега од законите за кои е потребно двотретинско мнозинство ги изгласаа измените на Законот за заштита на сведоци, Законот за следење на комуникациите и Законот за оперативно технича агенција (ОТА).

Сите реформски закони, предвидени во владиниот план 3-6-9 за ЕУ, треба да бидат донесени до 17 април, кога Европската комисија треба да го објави извештајот за напредокот на Македонија.

Владата, како што рече премиерот Зоран Заев на саботниот брифинг со новинарите, очекува чиста и безусловна препорака.

Коментари

Коментари

Реклама