
Владата е оптимист и смета дека Извештајот ќе содржи чиста препорака за почеток на преговорите. Тоа го потврдија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи и на отворениот брифинг за новинарите.
„Од она што ние го знаеме и имаме информации и од тоа што го гледаме, заслужуваме кристално чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ“, рече Заев.
Османи го темели својот оптимизам на тоа што, според него, Планот 3-6-9 е реализиран над 90 проценти.
Вицепремиерот најави дека реформите ќе продолжат и по оценката за напредокот.
Коментари
Коментари