Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

17°

Временска прогноза

17° 17°22.06 / Пет
11° 23.06 / Саб
12° 10°24.06 / Нед
14° 12°25.06 / Пон
19° 13°26.06 / Вто
20° 14°27.06 / Сре
22° 15°28.06 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Министерството за економија во рок од седум дена треба да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран и за одземање на Дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена на  20 јули 2015 година.

По одлуката за Казандол: Празник за Југоистокот и за цела Македонија - kazandol

Вакво задолжение добило Министерството по вчерашната седница на Владата, на која била разгледана и усвоена Информација за степен на изграденост на рударскиот комплекс „Казандол“.

КАЗАНДОЛ СЕ ЗАТВАРА !
Празник за Југоистокот и цела Македонија. Празник за иднината на нашите деца и внуци.
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!, напишаа на својот профил на Фејсбук од граѓанското здружение Спас за Гевгелија, по вчерашната владина одлука.

Жителите на повеќе градови во југоистокот со месеци протестираа и предупредуваа на опасноста од отворањето на овие како што ги нарекуваат „рудници на смртта“. Се одржаа и референдуми во гевгелија, Богданци, Валандово, Дојран…, а премиерот Заев, и за време на изборната кампања, но и потоа изјавуваше дека „Македонија не сака да биде земја без рудници, но дека здравјето на граѓаните е на прво место“.

Оттогаш, активистите, повеќепати објавуваа фотографии на социјалните мрежи на кои, како што тврдеа, се гледа дека забрзано се работи на изградба на рудникот Казандол и бараа од Владата да го запре тоа, предупредувајќи дека се загадува почвата.

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) тогаш соопшти дека на 3 октомври извршил вонреден надзор во рударскиот комплекс Казандол во Валандово, но притоа не е регистрирано надминување на загадувањето според она што го пропишува законот, освен во почвата, но за тоа, како што велат од Инспекторатот, се уште не постојат закон и правилници.

Министерот за економија пак, одговарајќи на новинарски прашања за концесијата на Казандол повеќепати говореше дека таа е завршена, но одбиваше да го објави договорот во јавност.

Концесионер на рудникот за бакар и бакарни производи во Казандол е компанијата Сардич МЦ. Основач на „Сардич МЦ“ е акционерското друштво „Коппер Инвестмент“. За оваа инвестиција Груевски зборува уште на почетокот на 2013 година. Инвестицијата прво ја нарекуваше „англиска“, продолжи со „англиско-украинска“ за конечно да стаса до само „украинска“. Во реалноста – со удели на македонските големостопанственици и политичари од двете држави.

Коментари

Коментари

Реклама