Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

18°

Временска прогноза

18° 25.09 / Вто
11° 26.09 / Сре
12° 27.09 / Чет
14° 28.09 / Пет
15° 12°29.09 / Саб
14° 11°30.09 / Нед
21° 01.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

САД ги поддржуваат Македонија и Грција во напорите да најдат заедничко решение, нагласи денеска по средбата со премиерот Зоран Заев американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел. Тој престојува во посета на регионот.

САД ќе помогнат, но трајно решение е она што ќе го договорат Македонија и Грција - michel zaev

Соединетите Американски Држави ги поддржуваат напорите на двете страни, на Скопје и на Атина да најдат решение за спорот за разликите за името, Македонија направи големи чекори напред во ангажирањето во преговорите и ова е одлична можност за доаѓање до решение. Накратко, ова се пораките што ги пренесе американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, по средбата со премиерот Зоран Заев. Тој денеска во Клубот на пратениците во Скопје разговараше со македонските владини претставници меѓу кои беа и министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шеќеринска.

Мичел, кому ова му е прва посета на регионот откако ја презеде функцијата, на новинарско прашање дали Вашингтон директно ќе се вклучи во преговорите за името, рече дека тие се вклучени некое време и ќе продолжат да бидат вклучени.

Јас мислам дека треба да учиме од минатите искуства и треба да го опфатиме тајмингот и природата на нашата улога во овие услови. Можам да ве уверам дека имаме многу активен интерес, стратегиски и политички, за сите принципи на Балканот од НАТО и европска перспектива. Вие ќе ја видите силната посветеност на САД на овој процес, ќе ја видите мојата и посветеноста на администрацијата на помагање на двете страни. Истовремено, знаеме дека единственото трајно решение е она што ќе го договорат двете страни меѓусебно“, рече Мичел.

Премиерот Заев на истото прашање одговори дека очекува помош од САД ако има таква потреба. Кога е тешко и мачно, како што е прашањето за името кое трае 25 години, убаво е да можете да ги повикате пријателите на помош, рече Заев, кој додаде и дека сепак се надева дека прашањето ќе се реши билатерално како она со Бугарија.

Секако, ако биде потребна помош, очекувам помош од пријателите на принципиелен начин, да ги охрабрат двете страни да се најде решение за граѓаните од двете земји да ги почуствуваат придобивките“, рече Заев.

Тој пред американскиот гостин повтори дека се почнува финалната фаза во разговорите за името. Нагласи и дека во април очекуваат чиста препорака за почетокот на преговори со Европската унија, а во јуни датум за почеток на преговорите. Ова се совпаѓа со другата цел, поканата за членство во НАТО да се ефектуира на самитот на алијансата во јули, кажа Заев.

Мичел, пак, нагласи дека вратата на НАТО останува отворена и дека ги цени напорите на Македонија да направи поцврста демократија.

„Но, мислам дека можеме да направиме сè што можеме за да го одбележиме напредокот и заложбите на САД кон Македонија за да стане членка и на НАТО и на ЕУ. Ова е наша заложба долги години и не е врзана со конкретен датум или настан“, рече Мичел.

Инаку, тој се наоѓа во регионална турнеја. Во Скопје дојде од Приштина, а од тука замина за Белград. До крајот на неделава ќе ги посети Атина и Никозија. Мичел ја наследи функцијата која од 2013 година до лани ја извршуваше Викторија Нуланд. Таа ја напушти работата во Стејт департментот лани во јануари заедно со други американски дипломати кои заминаа по доѓањето на администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Коментари

Коментари

Реклама