Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

19.02 / Пон
20.02 / Вто
21.02 / Сре
22.02 / Чет
10° 23.02 / Пет
12° 24.02 / Саб
13° 25.02 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Топката во овој момент е на теренот на нашите соседи, кои ќе треба и во пракса да покажат дека е промената реториката на владата што може да одведе до опипливи резултати во односите на двете земји, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, говорејќи за радиото Алфа 989.

Ѕанакопулос: Топката е на теренот на соседната земја - Zanakopulos 35kv8v1a9gook9ilz31erk

Во врска со различните позиции на Скопје и Атина, во однос на промената на македонскиот Устав, нешто што грчкиот премиер Алексис Ципрас го спомена како предуслов, а македонскиот премиер Зоран Заев отфрли можност за измени, Димитрис Ѕанакопулос рече дека тоа е предмет на преговорите и уште еднаш ги повтори грчките позиции.

Многу добро знаете дека едно заемно прифатливо решение, токму за да биде заемно, потребни се двајца. Потребни се и двете страни. Во оваа смисла ние многу јасно ги имаме кажано нашите позиции. Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение. – рече Ѕанакопулос.

Коментари

Коментари

Реклама