Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

20°

Временска прогноза

20° 20°19.08 / Нед
28° 19°20.08 / Пон
25° 18°21.08 / Вто
26° 20°22.08 / Сре
27° 16°23.08 / Чет
28° 16°24.08 / Пет
26° 16°25.08 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Божновски смета дека решението би било неразумен компромис за Македонија која е според него на колена во економска смисла со долгови од пет милијарди евра кон странските банки. Муслиу истакна дека ситуацијата е асиметрична на штета на Македонија зашто Грција е членка на НАТО и ЕУ.

Алберт Муслиу и Зоран Божиновски: Преговорите за решавање на прашањето за името успешно ќе завршат во март - samo vistina

Ваквата позиција на Македонија донекаде ја „граделе“ и домашните политички елити сите овие години кои со одредени непромислени потези, ја ставиле земјата во подредена ситуација.

Со новиот курс во надворешната политика која го демонстрира новата влада , и Божиновски и Муслиу сметаат дека и помага на Македонија да ги освои симпатиите кај странските земји како услов и да ни помогнат и да застанат на наша страна. Многу време е изгубено сметаат и двајцата гости и дека сега е време за надминување на спорот, во спротивно Божиновски предвидува воведување на валутен борд. Божиновски нагласи и дека во минатото од претходната влада  на неколку пати на Македонија и е „спуштена“ цената во однос на прашањето за името а преку обиди за „тајно“ затворање на ова прашање. Муслиу смета дека проблемот е толку сериозен а шансата е толку добра за да се испушти и дека лично смета дека до решение ќе се дојде пред јуни.

И двајцата сметаат дека до решение треба да се дојде со меѓународен договор, и дека во некоја подоцнежна фаза би можело да бидат прашани и граѓаните на референдум. Околу промената на Уставот, не исклучуваат и таква можност но и очекуваат отстапка од грчка страна што веројатно и ќе се случи под притисок на моќните меѓународни фактори. Божиновски и Муслиу сметаат дека мислењето во јавноста е далеку променето и дека се повеќе патриотизмот се отсликува преку желбата за подобар живот, повисок стандард и безбедно опкружување. Божиновски смета дека името е променето штом се седнало на преговори. Муслиу рече дека нема услови за етнички судири како притисок за да се дојде до решение.  Погледнете ја целата емисија.

Коментари

Коментари

Реклама