Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

22°

Временска прогноза

22° 17°17.07 / Вто
21° 16°18.07 / Сре
23° 16°19.07 / Чет
23° 15°20.07 / Пет
27° 13°21.07 / Саб
31° 17°22.07 / Нед
28° 17°23.07 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднесе два предлог закони за дефинирање на патните трошоци или престојот на пратениците, информираше денеска на брифинг со новинарите, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

СДСМ предлага намалување на патните трошоци за пратениците - tunte

Измените како што рече тој се однесуваат на Законот за плати и недоместоци и Законот за пратеници.

Предлог-законите на СДСМ предвидуваат надоместокот, односно висината на сумата за патни трошоци по изминат килемтар, да изнесува максимум 20 отсто од цената на горивата.

Актуелното законско решение, во двата закони предвидува плаќање надоместок за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели во висина од 30 отсто.

Иницијативата за промена е доставена до претседателот на Собранието Талат Џафери на 1 декември 2017, а предлог-законите за измени пратениците ги доставиле денес. Од СДСМ велат дека очекуваат во овие законски измени да се вклучат и сите останати пратенички групи, кои досега до Тунтев не доставиле никаков одговор или предлог за промена на иницијатива.

На брифингот со новинарите пратениците од СДСМ истакнаа дека на овие измени може да се гледа и како на привремени бидејќи се подготвени во иднина да дискутираат и за други модели за надоместоци за патни трошоци или евентуално користење на службени станови додека им трае мандатот.

Наплатата според овој предлог закон би се вршела само со фискална сметка која е платена од личната картичка на пратеникот, за да се отстранат како што објасни Тунтев, сите сомнежи дека пратеникот би можел да носи и фискални сметки кои од други лица.

Јавноста бурно реагираше откако ја дозна сумата на патните трошоци кои ги зеле пратениците само за два до три месеци од почетокот на работата на Собранието годинава. Само за март и април некои од пратениците добиле и по 150 илјади денари (околу 2.400 евра). Реакции за високите патни трошоци имаше и СДСМ кога беше во опозиција.

Коментари

Коментари

Реклама