Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

17°

Временска прогноза

17° 17°22.06 / Пет
11° 23.06 / Саб
12° 10°24.06 / Нед
14° 12°25.06 / Пон
19° 13°26.06 / Вто
20° 14°27.06 / Сре
22° 15°28.06 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Градот Скопје реагира на информациите кои што се објавија на некои портали околу наводна забрана за влез на возила во Скопје од другите градови, како дел од мерките против загадувањето.

ГРАД СКОПЈЕ: Лага е дека ќе се забрани влез за возила од внатрешноста - Petre Shilegov 696x454

Од Град Скопје велат дека не се планира никаква забрана за влез во Скопје со моторни возила, како што пренесоа дел од медиумите.

Градот Скопје во насока на намалување на влезот на возила во Скопје размислува за имплементирање на систем на комбиниран превоз, каде на граѓаните од внатрешноста ќе им овозможи бесплатен паркинг на влезовите во Скопје, а до својата дестинација да стигнат користејќи го јавниот превоз (железница, автобус или велосипед). Некои проценки во јавноста говорат дека секој ден во Скопје влегуваат десетици илјади возила од градовите од внатрешноста и значително придонесуваат за сообраќајниот метеж во Скопје. Овој систем на „Паркирај и вози“ (park&ride) го има во сите поголеми метрополи и станува збор за успешен модел кој што дава одлични резултати, а воведувањето на овој систем беше и дел од изборната програма на градоначалникот Шилегов на изборите во 2017-та, се наведува во реакцијата на Град Скопје.

Овој систем има за цел да го олесни јавниот превоз во Скопје, транспортот да биде побрз и поевтин од користење на сопствено возило, а воедно да се охрабри користењето на комбинираниот јавен превоз.

Коментари

Коментари

Реклама