Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 10°20.05 / Пон
17° 21.05 / Вто
18° 13°22.05 / Сре
19° 12°23.05 / Чет
16° 10°24.05 / Пет
18° 11°25.05 / Саб
18° 12°26.05 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) соопштува дека почнува нова кампања под мотото „Нашето име е Македонија" за што билбордите како дел од таа кампања се поставени во 14 градови во Македонија. Ова движење го повторува својот став за „итен прекин на расистичките и антимакедонски преговори за името".

ММДЧП бара итен прекин на преговорите за името - mkd 356710

И покрај тоа што Стејт Департментот и Зоран Заев забранија слобода во медиумите и слобода на изразување, ние во целост очекуваме и бараме од медиумите да го покриваат овој круцијален развој во одбраната на една земја и правото на еден народ да постои.

Од сите медиуми на кои добиле закани ги повикуваме да нѐ контактираат, со цел да можеме понатаму да ги изложуваме антидемократските и антимакедонски активности на сегашниот режим при нашите редовни средби на највисоко ниво со ‘западните’ влади.

Билбордите ги содржат следниве пораки: „Не дозволувајте да бидете измамени со термините меѓународна, билатерална и уставна", „Ако името на Македонија се смени за каква било  употреба, тоа ќе се смени секаде и засекогаш“, „Дали сакате да бидете познати како „Новомакедонци", „Северомакедонци", „Скопјани", „Вардарци", или едноставно МАКЕДОНЦИ?“

Она што ММДЧП постојано го предупредуваше, сега е и јавно објавено, дека македонското име, идентитетот, јазикот и историјата се предмет на преговори, со цел да се задоволат нашите угнетувачи.

Во целост очекуваме и бараме жестока одбрана на нашите најосновни човекови права, самоидентификација и самоопределување, како и одбрана на нашето право да бидеме она што отсекогаш сме биле - Македонци. Барајте крај на преговорите за името СЕГА“, се вели во соопштението на ММДЧП од Торонто.

Коментари

Коментари

Реклама