Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

12.12 / Чет
13.12 / Пет
14.12 / Саб
15.12 / Нед
16.12 / Пон
17.12 / Вто
18.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Одлуката на Бугарската православна црква да се ангажира за застапување пред помесните православни цркви за воспоставување на канонскиот статус на Македонската православна црква се очекува да биде тема на разговор на претстојната средба меѓу бугарскиот патријарх Неофит и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј и бугарскиот Неофит ќе разговараат за МПЦ-ОА - vartolomej

Двајцата партијарси заеднички ќе служат литургија во обновената бугарската црква „Свети Стефан“, позната како Железна црква, во Истанбул на 7 јануари. 

Извори од БПЦ досега во неколку наврати навестуваа дека нивната одлука за МПЦ веќе и е позната на Вселенската патријаршија.

Неофит ќе биде дел од официјалната делегација, предводена од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. Во бугарската делегација ќе бидат вклучени и митрополитите Гавраил Ловчански и Наум Русенски. 

За Истанбул утре ќе замине старозагорскиот митрополит Кипријан, кој има задача да учествува во последните подготовки за долгоочекуваното отворање на реконструираниот храм. 

На литургијата ќе учествуваат Борисов и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Реконструкцијата на црквата траеше шест години, а чинеше околу 3,5 милиони евра.

Коментари

Коментари

Реклама