Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

15.12 / Пет
11° 16.12 / Саб
17.12 / Нед
-1° -5°18.12 / Пон
-0° -1°19.12 / Вто
-3°20.12 / Сре
-0° -8°21.12 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Да се опаметиме, другари, зашто вака почнува да наликува на онаа „све је исто, само њега нема”, реагираше вечерва државниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ на скандалот со бонус платите на ДИК.

Јовановиќ: Да се опаметиме другари, оти почнува да наликува на „све је исто, само њега нема“ - branimir jovanovic 696x410

Значи, патни трошоци од илјадници евра месечно, летање со бизнис класа, исплаќање на бонуси на функционери од неколку плати, се се тоа еклатантни примери на неодговорно трошење на народните пари. Џабе се мачиме ние да скратиме непродуктивни трошоци во буџетот, џабе се трудиме да пласираме слика дека одговорно се однесуваме со парите на граѓаните, кога ќе појави нешто вакво и се ќе ти сруши. И таман ќе се смири бурата и ќе си помислиш дека лекцијата е научена, ете ти одма друг таков случај. Ок, јасно е дека со години беше наметнувана култура на владеење, однесување и размислување, според која власта служи само за лично богатење. Ок, јасно е дека ова не може да се смени преку ноќ. Ама па тоа не значи дека не треба ни да пробаме да ги смениме работите, напиша Јовановиќ на својот фејсбук профил.

Коментари

Коментари

Реклама