Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 19.03 / Вто
14° 10°20.03 / Сре
12° 21.03 / Чет
13° 22.03 / Пет
13° 23.03 / Саб
15° 24.03 / Нед
12° -2°25.03 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ја обвини владата на СДСМ за лоша политика за странските инвеститори предупредувајќи дека власта ќе ги менува условите за инвеститорите.

Груевски побара да не се откриваат договорите со инвеститорите - ng 777x437

На прес конференцијата во партиското седиште попладнево тој рече дека е и против најавеното објавување на договорите со странските инвеститори што, според него, може да нанесе голема штета на угледот на земјата. Тој смета дека е погрешно и тоа што на странските инвеститори ќе им се наложело да вршат набавки од домашни компании бидејќи така нема да сме биле доволно конкурентни.

Споредувајќи ја работата на неговата и на новата Влада, тој рече дека оваа година и покрај тешката политичка криза имало добар старт со седум странски инвестиции кои требало да отворат над 4.400 нови работни места. Груевски нагласи дека во првите пет месеци, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, започнале со градба седумте нови компании.

-Над три месеци државата ја води владата на СДСМ. Резултатот на нови странски инвестиции е нула, како и бројот на новоотворени работни места кои се резултат на ваквите инвестиции, рече Груевски.

Тој изрази сомневања дека новата влада воопшто има интерес за привлекување на странски инвестиции. Груевски упати серија критики кон СДСМ за кадровските решенија и за политичките одлуки кои може да имаат лоши последици врз целата македонска економија.

Груевски не сакаше да одговара на новинарски прашања што не беа поврзани со темата, за како што рече, да не се дефокусирала јавноста од ова важно прашање.

СДСМ: Груевски се плаши за криминалните дил-ориентед зделки

Во реакцијата на прес конференцијата СДСМ вели дека Никола Груевски е видно исплашен од вистината што ќе излезе по владината одлука за декласификација на информациите за склучените договори на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ со странски компании.

-Очигледно е, Груевски стравува дека граѓаните ќе дознаат колку од нивните пари што ги плаќале како давачки, даноци и казни во Буџетот на Република Македонија преку криминалните дил-ориентед зделки на Никола Гуевски завршиле за негови милионски провизии.  Затоа Груевски денеска држеше маратонска прес конференција на која изнесе куп лажни вести, се вели во писмената реакција.

 Prazna livada Negotino prazna livada Delcevo

Од СДСМ истакнуваат дека многу странски инвестиции и индустриски зони што Груевски ги најавуваше и „лажеше за нив, останаа празни ливади, а многу и си заминаа од земјата заради притисоците, заробената правна држава и корумпираноста на Владата предводена токму од Груевски“.

-За лагите на Груевски сведочат фотографиите во прилог. Ниту индустриски зони, ниту странски инвестиции како што лажно ветуваше Груевски, во Неготино, Делчево, Радовиш, Крушево, Гевгелија (Прдејци) останаа само празни ливади.Моше Баум, комплексите во Охрид и кравите на криминалецот Субрата Рој, како и помпезно најавуваните 6.000 работни места во Ранковце, се само дел од бројните лажни инвестиции на Груевски, велат од СДСМ истакнувајќи дека тврдењата на Груевски дека ќе се менуваат условите за инвестирање за странските инвеститори се „хистерични лаги“.

Коментари

Коментари

Реклама