Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Едни со Зијадин Села, други со Биљал Касами. Ваква одлука донесоа малубројните членови на Партијата за Демократски Просперитет, првата партија на етничките Албанци во македонија, која во деведесеттите години одигра историска улога.

По 27 години згаснува ПДП - pdp

Претседателот, Хајредин Камза, вели дека на локалните избори, поддршката ќе ја пренасочи кон кандидатите на Алијанса за Албанците.

Ние сме дел од таа Алијанса од кога таа беше потпишана на 19 март оваа година. Без разлика на тоа што некој е против, нашиот став е овој, и ние ќе ја поддржиме Алијансата за Албанците
- истакна Камза.

Дека партијата е пред распад покажува и спротивниот став на некои нејзини ограноци. Со образложение да не се поделат гласовите на Албанците, одлучиле да ја поддржат кандидатурата на Движењето Беса, и тоа за кандидатите за градоначалник во Тетово, Чаир и Желино. Поддршката од најстарата е добредојдена за најмладата партија во албанскиот политички блок.

Беса е отворена за сите, постојано се приклучуваат индивидуи, организации и членови кои сфатиле дека Беса е единствена партија која достоинствено ги брани интересите на Албанците
- велат од Беса

ПДП е основана во 15 април 1990 година, а нејзин прв претседател беше Невзат Халили, но најпознат Абдурахман Алити. На првите повеќепартиски избори во ноември 1990 година, ПДП освои 23 пратенички места во новото Собрание.

Учествуваше на сите избори во Македонија до сега, и повеќе од 1 деценија доминираше во албанскиот политички блок. Една од главните заложби беше избор на претседател на Собранието од редовите на Албанците во Македонија. Сега кога тоа е постигнато, партијата се збогува од политичката сцена.

Коментари

Коментари

Реклама