Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

12.12 / Чет
13.12 / Пет
14.12 / Саб
15.12 / Нед
16.12 / Пон
17.12 / Вто
18.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во Македонија има висока стапка на нееднаквост меѓу граѓаните по основ на доход и постои тенденција на нејзин раст, покажува анализата за доходовна нееднаквост што денеска првпат ја објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи.

Педесет oтсто од луѓето во Македонија живеат со 212 евра месечно - tevdo ski

Податоците од анализата што беа објавени на денешната прес-конференција во Министерството за финансии покажуваат дека постои голема разлика во месечниот доход, односно ако во 2016 година просечниот личен доход изнесувал 302 евра месечно, најбогатите 1 процент во Македонија имале просечниот доход од околу 4.200 евра месечно.

- Педесет oтсто од луѓето во Македонија што остваруваат доход имаат доход што е под 212 евра месечно, 70 oтсто имаат доход што е под 297 евра месечно, 90 oтсто имаат доход што е под 495 евра месечно, а од друга страна 2 oтсто од луѓето имаат доход што е над 1.044 евра, а еден процент од луѓето имаат доход што е над 1.523 евра - истакна Бранимир Јовановиќ, советник во кабинетот на министерот за финансии.

Тој посочи дека највисокиот доход што е остварен во 2016 година изнесувал 2,6 милиони евра, а 15 лица оствариле доход над еден милион евра. Доход над 500 илјади евра минатата година имале 66 лица, над 200 илјади лица доход оствариле 283 лица, а 775 лица имале доход од над 100 илјади евра.

За високата доходовна нееднаквост укажува и податокот дека 775-те лица кои имале над 100 илјади евра доход заедно оствариле доход од 190 милиони евра што е еднакво на вкупниот остварен доход на 210 илјади лица кои имале најниски приходи.

Коментари

Коментари

Реклама