Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

34°

Временска прогноза

34° 16°02.07 / Нед
16° 15°03.07 / Пон
20° 16°04.07 / Вто
28° 15°05.07 / Сре
29° 16°06.07 / Чет
31° 17°07.07 / Пет
32° 19°08.07 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Премиерот Зоран Заев наскоро ќе се сретне со кинескиот изведувач и со другите вклучени страни во проектите за изградбата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, со цел да се најде брзо решение за долгиот застој во работите.

Пропусти и грешки се причините во застојот на изградбата на автопатите до Штип и до Охрид - zaev amb kina

Повеќемесечниот застој на изградбата на автопатите е предизвикан од грешки во проектирањето, ненавремено решавање на имотно-правни односи на првиот автопат и изместување на трасата на вториот. 

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев претпладнево се сретна со амбасадорката на НР Кина во Македонија, Лин Лисјен, која му врачи писмо од премиерот на НР Кина, Ли Кечијанг. Во новата Влада на Република Македонија, Кина гледа добар партнер и голем потенцијал за продлабочување на соработката помеѓу двете држави.

Кинеската амбасадорка Лисјен соопшти дека реформите што ги презема Владата на Македонија се во насока на политичка и економска стабилизација на државава, поради што Амбасадата на Кина ќе ги охрабри кинеските компании за влегување во економскиот пазар во Македонија.

Владата е отворена за соработка со кинески компании што сакаат да инвестираат во Македонија и подготвени сме да ги обезбедиме сите потребни услови за тоа. Целта на Владата е да обезбеди нови работни места за граѓаните, повисоки плати, достоинствен животен стандард, а тоа може да се постигне само преку посветена работа на развој на економијата.

- рече премиерот Заев.

На средбата договорено е да се интензивира економската соработка меѓу двете држави, преку нови проекти во рамки на Програмата на Кина, 16 плус 1 за земјите од Централна и Источна Европа, веднаш по решавањето на проблемите во изградбата на двата автопата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, во чијашто изградба учествува Кина.

Тој најави и конкретни иницијативи и од Владата на Македонија за проширување на економската соработка на НР Кина. Премиерот Заев информираше дека веќе се остварени контакти со кинески компании за соработка во областите на енергетиката и градежништвото а најави и проширување на соработката во земјоделството.

Кинеската амбасадорка Лисјен ја поздрави определбата на Владата на Македонија за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани. Амбасадорката Лисјен соопшти дека НР Кина ја поддржува Македонија во евроинтеграциите.

Премиерот Заев соопшти дека Република Македонија дава целосна поддршка на единствена НР Кина. На средбата е заеднички поздравено традиционалното пријателство меѓу Македонија и Кина и е договорено унапредување на соработката меѓу двете земји во сите сфери од интерес на граѓаните на двете земји.

+Инфо

Коментари

Коментари

Реклама