Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

34°

Временска прогноза

34° 16°02.07 / Нед
16° 15°03.07 / Пон
20° 16°04.07 / Вто
28° 15°05.07 / Сре
29° 16°06.07 / Чет
31° 17°07.07 / Пет
32° 19°08.07 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Против напаѓачите на лидерите на СДСМ и на Алијансата за Албанците Зоран Заев и Зијадин Села, како и против другите пратеници во Собранието на 27 април полицијата поднела нови кривични пријави против деветмина насилници, соопшти МВР.

Откако беа пуштени со условни, нови кривични пријави за напаѓачите на Заев и Села - obvineti za napad vo Sobranie
Фото: Мета.мк

Пријавените на 27.04. заедно со претходно други пријавени лица како и со поголема група засега неидентификувани лица откако го пробиле кордонот од униформираните полициски службеници што бил поставен пред Собранието, влегле внатре извршиле оштетување на ходникот, а потоа физички нападнале тројца полициски службеници на внатрешното обезбедување, по што влегле во салата бр. 3 каде се одржувала прес конференцијата и физички ги нападнале присутните пратениците З.З., З.С., Р.Ш.Ј., О.С., С.М., како и други пратеници од политичките партии на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците“, стои во соопштението на МВР. На првото судење насилниците беа осудени со условни казни затоа што обвинителството ги гонеше само за најлесното кривично дело „учество во толпа“. Според новите кривични пријави З.Т. (51), Г.Ц. (49), В.П. (21) тројцата од Скопје и Д.М. (29) и В.М. (46) двајцата од Кочани МВР ги пријавува заради сомнение за сторено кривично дело – “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Н.П. (38) и П.М. (22) од Скопје и С.П. (21) од Кичево добиваат кривична пријава од МВР заради сомнение за сторено кривично дело – “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. ; Против А.М. (22) од Скопје којшто се сомничи за сторени три кривични дела – “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“

- се вели во соопштението.

Коментари

Коментари

Реклама