Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

09.02 / Чет
10.02 / Пет
11.02 / Саб
-3°12.02 / Нед
-5°13.02 / Пон
-6°14.02 / Вто
-5°15.02 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Губењето на власта по повеќе од една деценија, го разбранува наводно цврстото партиско ткиво на ВМРО-ДПМНЕ. Веќе десетина денови, неколкумина членови на ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на Статутот, како што велат, низ партиска процедура, бараат демократизација на партијата. Се залагаат за промена на внатрепартиската легислатива.

Влатко Атанасоски за ЦИВИЛ: ВМРО-ДПМНЕ се збогати материјално, но осиромаши со човечки капитал и со идеи - vlatko atanasoski civil intervju

Влатко Атанасоски, магистер по меѓународна економија, актуелен директор на Агенцијата за пошти е еден од реформаторите. Тој е член на партијата од 2003 година, поранешен координатор на прилепскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и член на ЦК на партијата. Една од опциите за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, тој гледа во поддршката на иницијативата за вонреден конгрес пред локалните избори, од најмалку половина од членовите на ЦК.

Во интервју за ЦИВИЛ Медиа, тој вели дека „на вонредниот конгрес, освен одговорност и анализа на работењето на партијата, ќе бидат отворени прашања коишто веројатно ќе значат јасна потреба од промена на Статутот и оставка на претседателот и ИК“.

ЦИВИЛ Медиа: Изедначувајќи ја државата со партијата, ВМРО-ДПМНЕ ја врати Македонија и нејзините граѓани децении назад, далеку од евроатланскиот пат, што значи гаранција за стабилност на државава во овие граници. ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше администрацијата, ги руинираше медиумите, го девастираше целото општество… Од друга страна, во моментов се отворени бројни истражни постапки во СЈО, против истакнати партиски функционери во ВМРО-ДПМНЕ, обвинети за бројни кривични дела кои произлегуваат од „бомбите“ што ги обелодени СДСМ. Зошто, кај вас, неколкумина членови на ВМРО-ДПМНЕ коишто бевте на значајни функции во време на владеењето на партијата, овој порив за нејзина демократизација се појави токму сега, откако вашата партија премина во опозиција? Не е ли предоцна да се бара алиби за колективната одговорност?

АТАНАСОСКИ: Мој став е дека изедначувањето на државата со партијата, кое што го споменувате во прашањето, беше подеднакво штетно за ВМРО-ДПМНЕ, колку што беше и за државата. ВМРО-ДПМНЕ успеа за краток временски период да изгради внатрепартиски систем на селекција, контрола и влијание врз луѓето, кои беа плански селектирани како „подобни“ и тие беа именувани или назначувани за одговорни, државни функции со што практично, институционалниот капацитет на државата беше сведен на партиската волја на раководството на партијата. Ваквиот систем се ширеше и мој став е дека ВМРО-ДПМНЕ за време на раководењето на Никола Груевски, прерасна во пирамидална шема која се одржуваше и растеше -„продавајќи“ и „заработувајќи“ од ширење на членството, а не од реализација и имплементација на политиките на една десно ориентирана, демохристијанска, демократска, народна партија.

Со текот на времето во кое ќе биде проучен овој период од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ, се надевам дека сите ќе добијат јасен и недвосмислен увид, дали се спроведувало свесно и планирано, ова што сега изгледа како злосторничко здружување, со цел постигнување на енормно политичко влијание и надмоќ во политичкиот систем на државата и државните институции, преку кое се остваруваа лукративните и политичките цели на тесна партиска елита, лично селектирана од Груевски, инсталирана во ИК на ВМРО-ДПМНЕ… Исто така, ќе биде јасно, дали зад  колективните идеи и одлуки на ЦК (чиј претседател е повторно Груевски) се реализираше еден злокобен план на само еден човек.

Целиот одговор и останатиот дел од интервјуто на следниот линк.

Коментари

Коментари

Реклама