Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

09.02 / Чет
10.02 / Пет
11.02 / Саб
-3°12.02 / Нед
-5°13.02 / Пон
-6°14.02 / Вто
-5°15.02 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во рамки на третиот модул од дискурзивно-едукативната програма „Совршениот уметник“ вчера во Кино Култура се одржа панел дискусија насловена „Инвестирање во уметноста/ културата или можности за демаскирање“, модерирана од Милан Живковиќ, општествен истражувач, на која учествуваа министерот за култура Роберт Алаѓозовски, Еди Мука, еден од основачите и директор на Интернационалното уметничко биенале во Тирана и куратор куратор за привремени проекти во Public Art Agency во Шведска, Ивана Драгшиќ, социолог и уметничка и Ивана Васева, кураторка.

Алаѓозовски: Нефункционалните индустриски објекти да ги претвориме во културни простори - alagjozovski sdsm

Дискусијата се однесуваше на дефинирање на она што значи јавно - јавна уметност, јавни простори и инвестиции во културата, трошењето на јавните средства и односот на институциите низ годините, но и економскиот аспект и стабилноста во ова поле, пред сé во независната културна сцена. 

Милан Живковиќ ја започна дискусијата со констатацијата дека претходната владејачка гарнитура трошењето на огромните суми за проектот „Скопје 2014“ го промовираше како отворање на културата за сите граѓани.

За министерот Алаѓозовски потребата за културна инфраструктура постоела отсекогаш, не само во Македонија.

И во други држави во Европа се трошеле огромни суми за објекти за културата, каков што е случајот со операта во Хамбург и Шекспир театарот во Гдањск и овие објекти се предмет на дебати во јавноста. Но разликата е што тие објекти се финансираат и од европските фондови, што не е случај кај нас. За жал повторно постојат проблеми и повторно има недостаток од културни простори, бидејќи кај нас не се наметна трендот на искористување на нефункционални индустриски објекти за културни простори и во иднина треба да се насочиме кон ова, како и кон децентрализација во културата.

- смета Алаѓозовски.

Ивана Васева укажа на недостигот на стабилни финансии.

Сé повеќе работиме, а сé помалку сме платени. Недостасуваат фондови за млади уметници и посебни дисциплини, отворање на сцената за интернационални проекти. Да се фокусираме на тоа како да формираме систем за економска стабилност за уметниците, кураторите, критичарите, теоретичарите, сите работници врзани за културата.

- вели Васева.

Министерот Алаѓозовски истакна дека наскоро треба да се отворат прашањата за статусот на културните работници.

Веќе имаме првични идеи и средби со Независниот синдикат на културните работници, а се надевам со сите останати синдикати и претставници на културните институции. Веќе зборуваме за создавње на нови простори за културата, соработка со општини и сите останати општествени чинители

- истакна Алаѓозовски.

Пред дискусијата Мука одржа и кратко предавање, при што ги сподели искуствата за неговата работа на Биеналето во Тирана и финансирањето на самата уметничка манифестација. Предавањето го започна со читање на својот текст “Restart“, врзан за промените во општественото и политичкото уредување и односот на институциите кон културата.

Не сум дошол во Скопје од 2000 година. Секако виртуелно следев што се случувало во градот, но е сосема поинаку кога ќе го видите центарот во живо.

Мислам дека сега е шансата и има голем потенцијал за промени во Скопје и Македонија воопшто. Имате добра позиција за рестартирање, но истовремено може да биде и проблематично, бидејќи сите овие земји од регионот се постојано во таа позиција на нов почеток. Она што сметам дека е најважно за младите уметници и културните работници е да се дојде до приватни спонзорства, да се борат да се пробијат интернационално, без притоа да го потценуваат локалното.

Да се борат со властите, да ги направат да се чувствуваат одговорни и да се променат. Ова е базирано на мојата лична пракса и работата со институциите во Тирана. Биеналето во Тирана беше голем чекор за развојот на тамошната уметничка сцена, а особено сум горд на резиденцијалната програма наменета за уметници од Балканот. И покрај малите финансии на почетокот и неможноста уметници од Албанија да излегуваат надвор, успеавме да ги отвориме границите и светот да дојде кај нас, но и да се поврземе и допреме до локалната публика. Иако има огромно политичко влијание врз пиватниот сектор и е тешко да се стигне до поддршка не е невозможно. Повторно сé се сведува на личните контакти и пријателства.

Мислам дека е многу поважно прашањето како се финансира, а не колку се финансира.

- истакна Мука. 

Програмата „Совршениот уметник“ е курирана од Ивана Васева и иницирана како една од програмските целини на организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје a во партнерство со Фондација Фридрих Еберт – Канцеларија Скопјe и Центарот за современи уметности – Скопје.

+Инфо

Коментари

Коментари

Реклама