Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

12.12 / Чет
13.12 / Пет
14.12 / Саб
15.12 / Нед
16.12 / Пон
17.12 / Вто
18.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Новиот состав на владата, како што претходно најави мандатарот Зоран Заев, би можел да биде познат денеска, а гласањето во Собрание би можело да се одржи на почетокот на следната недела.

Новиот владин состав ќе биде познат денеска? - mkd 321760

Според Зијадин Села, од Алијансата на Албанците, тие ќе дадат поддршка за новата влада, без оглед дали ќе партиципираат во неа. Засега е неизвесно како ќе се постави Беса, од каде настапуваат со свои барања. Додека се чека составот на новата Влада, се подготвува и 22-от редовен конгрес на СДСМ, кој ќе се одржи во сабота во Скопје.

Се очекуваат повеќе од 700 делегати кои ќе гласаат за лидер на партијата. До овој момент Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата. Можноста да се пријави и друг кандидат е отворена до утре до 11 часот и, доколку пристигне кандидатура, таа ќе биде разгледана и формално одобрена од членовите на

Централниот одбор кој ќе има седница пред самиот Конгрес. На конгресот ќе се избира и нов состав на ЦО на партијата. На актуелниот мандатот му истекува наредниот месец.

Коментари

Коментари

Реклама