Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

12.12 / Чет
13.12 / Пет
14.12 / Саб
15.12 / Нед
16.12 / Пон
17.12 / Вто
10° 18.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Кире Ѓеорѓиевски се гледа како го влече пратеникот Зијадин Села, на објавените снимки од насилството во Собранието, вечерта на 27 април.

 Приведени двајцата напаѓачи на Села - татко и син осомничени за насилство во Собранието - aps sela

Тој и неговиот татко денеска се најдоа со лисици на рацете, осомничени за напад на пратеникот Села, но и за учество во толпа која ќе изврши кривично дело. Според полицијата, двајцата влегле во собраниската сала број три, каде физички го нападнале пратеникот Села, а подоцна го влечеле по собраниските ходници. Во претресот во нивниот дом пронајдени се и материјални докази.

Од соопштението на МВР

Во претресот одземени се патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони, кои се одземени како материјални докази. По преземањето мерки и активности, потврдено е дека во сала 3, каде се одржувала прес конференцијата, лицето Ц.Ѓ. најпрво фрлил столица, додека лицето К.Ѓ. фрлал разни предмети кон присутните пратеници, а подоцна двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот З.С.

Две недели по инцидентите, Основното јавно обвинителство повика на распит дел од пратениците кои сведочеа на насилствата во собранието. Тие даваат исказ како оштетена страна во нападите. Пратеникот од ДУИ, Артан Груби кој денеска беше во обвинителството, побара од надлежните органи да се изрече заслужената казна за напаѓачите.

Артан Груби, пратеник на ДУИ.

Дадов исказ за сите оние кои ги видов тој ден во Собрание и барам од Обвинителството да не падне под политичко влијание, туку да дејствува во согласно со законот и да изрече соодветни казни, со цел да не се повтори вакво нешто и во иднина“.

Од 27 Април до денес, десетина лица се повикани на информативен разговор. Против 29 лица покренати се кривични пријави за учество во толпа и спречување службено лице во вршење на должност, додека на 9 лица им беше изречена мерка притвор од 8 дена под обвинение за учество во толпа.

Но дел од повредените пратеници и новинари реагираат дека Обвинителството не презема соодветни мерки против напаѓачите и ја опструира истрагата.

Коментари

Коментари

Реклама