Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

18.01 / Саб
-0°19.01 / Нед
-2°20.01 / Пон
-1°21.01 / Вто
22.01 / Сре
23.01 / Чет
24.01 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Вратата на седиштето на Цивил е разбиена а внатре е се испревртено. Недостигаат неколку компјутери, фото-апарати, документи и друга опрема со која што располага невладината организација.

Обиени и ограбени просториите на „Цивил”, Дерала вели „сензитивниот материјал е на сигурно“ - xhabir

Разбојништвото се случило за време на празничниот викенд, а вработените дури утринава пријавиле во полиција.

Првиот човек на Цивил Џабир Дерала за ТВ 21 вели дека чувствителните материјали сепак се на сигурно.

Ова е удар за организацијата која беше особено активна во текот на изборите во декември минатата година, и регистрираше стотици прекршувања на изборниот законик. Дерала сепак се надева дека мотивот е стекнување со материјални добра.

Цивил во изминатиот период остро реагираше и на случувањата на политичката сцена во земјава.

Деновиве најостро го осудија насилството во македонското Собрание, а како виновник го посочија шефот на државата Ѓорге Иванов и ВМРО ДПМНЕ. Крим-техничарите од МВР денеска извршија увид за расветлување на инцидентот.

Коментари

Коментари

Реклама