Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

18.01 / Саб
-0°19.01 / Нед
-2°20.01 / Пон
-1°21.01 / Вто
22.01 / Сре
23.01 / Чет
24.01 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Сите инвестициски зафати се во застој, фирмите се борат за дневна ликвидност. Банките пливаат во бари и ќе мора посилно да го поддржат приватниот сектор, осбено сега во вакви услови на политичка неизвесност која го загрози стопанството - коментираат во неделната економска анализа на Portalb.mk дел од економистите.

Нова Тв: Приватниот сектор “умира“ – инвестициите под мраз - 1000 denari

Од водечнките банкарски групации велат дека фирмите речиси воопшто и да не бараат кредити за инвестирање, регистрирана е голема воздржаност поради страв од неизвесноста. Нод ел од компаниите веќе се борат за дневна ликвидност. Во февруари Народната банка регистрираше пад на кредитирањето на корпоративниот сектор.

Кредитирањето на фирмите – во застој …

Во овие моменти на политичка неизвесност, кога стопанството се бори да преживее, банките мора посилно да ги поддржат фирмите – коментираат економистите. Ние сега имаме состојба во која приватниот скетор “умира“

– вели за Portalb.mk економистот Горан Рафајловски.

“Можам слободно да кажам дека сите инвестициски зафати на домашните фирми се прекинати. Стопанството буквално се задушува и умира. Банките мора да застанат на страна на фирмите. Без таа поддршка компаниите ќе стануваат се повеќе неликвидни а банките ќе се доведат во состојба да гледаат како фирмите умираат. Економски – не е одржливо банките да се потпираат во најголем дел на профитите од камати по основ на хартии од вредност.  Економијата ги праќа сигналите дека се соочуваме со лоши трендови – како што на пример намалувањето на приходите од ДДВ, кој е носечки данок во Буџетот“

– вели економскиот консултант Рафајловски.

Целата анализа на следниот линк.

Коментари

Коментари

Реклама