Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

20°

Временска прогноза

20° 28°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед
29° 18°26.08 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Пепелта што се одлага  на отворената депонија во РЕК Битола, го загадува не само битолскиот регион, туку се разнесува до Прилеп, а загаден е воздухот и на Пелистер, покажува  истражувањето што го спроведе  Факултетот за биотехнички науки во Битола, во рамките на проектот Терамед, финансиран од Евриопската унија.

Пепелта на РЕК Битола го загадува и Пелистер и Прилеп - rek bitola

Резултатите потврдуваа дека пепелта што останува при согорувањето на јагленот е радиоактивна, а  со разнесувањето на  прашината  од отврената депонија, со тешки метали  е  загадена и почвата околу РЕК.  

„Пепелта преку воздухот или поточно преку прашината,  се шири насекаде, се шири до Прилепскиот регион исто така и до Пелистер, ја поминува цела Битола, односно доаѓа над цела Битола“.

- изјави проф. Др. Љупчо Кочовски, декан на Факултетот за биотехнички факултет на УКЛО.

Со истражувањето се потврдува  дека не се почитуваат до крај  утврдените протоколи за третман на депонијата на пепел во РЕК Битола, заради што доаѓа до загадување на воздухот и почвата во целиот регион. Истражувањето нуди и решенија, кои ќе бидат доставени до комбинатот, но и сите надлежни институции.

„Во текот на истражувањето беа земени примероци и од депонијата, а таквите истражувања беа правени и во согласност од РЕК Битола. Третманот на депонијата не е направен, односно нешто е направено, а нешто не е, затоа се предложени мерки. Понудени се решенија коишто верувам се запишани во протоколите на РЕК Битола, а тоа е покривање на пепелта со земја и прскање на пепелта со вода со што би се оневозможило ширење на пепелта понатаму“.

- вели Кочовски.

Од ЕЛЕМ, во чија надлежност е РЕК Битола, велат дека не се запознати со резултатите од проектот Терамед, но, тврдат дека во последните неколку години постајано инвестираат во подобрување на еколошките параметри.

„Во термоелектраната е применет таканаречен сув отворен систем за надворешен транспорт на пепел и згура. Од бункерите преку систем на дозатори со прскалици, транспортни ленти и одлагачки машини, пепелта и згурата се транспортираат и се одлагаат во таканаречени касети на одлагалиштето за јаловина, а потоа се покриваат со слој на земја“.

- велат од ЕЛЕМ.

Наспроти ваквите тврдења на ЕЛЕМ, снимките од воздух направени месецов од  спортските пилоти од Битола,  покажуваат дека пепелта е откриена и ветрот ја резнесува  низ Пелагонија. Лекарите  за Телма потврдија дека загадувањето на воздухот е причина за се поголем број на заболени од канцер во градот и околината, а загрижува факот што се повеќе заболуваат децата.

Извор и видео: Темла

Коментари

Коментари

Реклама