Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

21°

Временска прогноза

21° 19.03 / Вто
11° 20.03 / Сре
21.03 / Чет
12° 22.03 / Пет
13° 23.03 / Саб
15° 24.03 / Нед
12° -2°25.03 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Премиерот Зоран Заев во телевизиско интервју за „24 вести“ , во однос на економијата рече дека очекува 2019 да биде економска година за Македонија.

Заев најави поврат на ДДВ до 15 проценти за граѓаните од 1 јули 2019 -

Неговите проценки се дека домашниот бруто-производ (БДП) ќе расте во последните два квартала и очекува да продолжи да расте до најавените пет проценти до крајот на мандатот. Оптимизмот го правда со отворените интеграции и регионалната соработка.

Заев посочи на зголемена трговска размена со Грција за 17 проценти после Договорот од Преспа. Рече дека 2,5 пати е пораснат интензитетот на повратот на ДДВ, дека се спроведува правична казнена политика, без рекет и закани и притисоци како порано.

Тој најави поврат на ДДВ до 15 проценти за граѓаните, од 1 јули 2019 година, како и услови за намалување на каматните стапки кај банките.

Коментари

Коментари

Реклама