Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

21°

Временска прогноза

21° 10°20.05 / Пон
17° 21.05 / Вто
18° 13°22.05 / Сре
19° 12°23.05 / Чет
16° 10°24.05 / Пет
18° 11°25.05 / Саб
18° 12°26.05 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Законот за пратеници од кој  се дистанцираа сите пратенички групи по негативните критики од јавноста сериозно се подготвувал.

НОВА дознава: Пратениците да се вработат како советници по завршувањето на мандатот - Sobranie pratenitsi

Според информации на НОВА, една од верзиите која се разгледувала била по истекот на пратеничкиот мандат оние пратеници на кои не им мирува работното место, да бидат вработени како советници во државната администрација, но само на оние кои ги исполнуваат критериумите од Законот за работни односи. Во спротивно, пратениците би требало да се вработат на пониски работни места и постепено да напредуваат до советници.

Нашите извори велат дека идејата била да се обезбеди  егзистенција на пратениците по завршувањето на пратеничкиот мандат.

По негативните реакции во јавноста, сите пратенички групи јавно се дистанцираа од  законот, иако неофицијално сите би го поддржале. Во неформални разговори коментираат дека е потребно на пратениците да им се обезбеди работно место, затоа што најголем број од нив по завршувањето на мандатот имаат над 55 години и тешко им е да најдат работа.

Да не се доведеме во ситуација пратениците да треба да „бркаат по контејнери“ по завршувањето на мандатот, коментираше денеска претседателот на Собранието Џафери за ваквата идеја. Сепак тој не сакаше да коментира дали би поддржал ваков закон додека не го види текстот.

Од СДСМ изјавија дека никој не смее да биде привилегиран  и ваков закон е спротивен на принципите на недискриминација и еднаквост. И од ВМРО ДПМНЕ изјавија дека не биле конуслтирани за ваков закон и дека се против изгласување на привилегии за пратениците.

Во 2005, беше изгласан Закон кој овозможуваше пратениците да се пензионираат со 25 години стаж и 55 години возраст, а пратеничките, со 25 години стаж и 53 годишна возраст. Законот требаше да важи за сите поранешни народни избраници почнувајќи од првиот парламентарен состав. Но, поради нееднаквост  шест месеци подоцна, Уставниот суд ги укина спорните членови.

Пратениците се критикувани и за високите суми кои ги добиваат за патни трошоци. Иако беше донесен Закон со кој требаше овие трошоци да се намалат а на пратениците од другите градови им беше дадена шанса да живеат под кирија во Скопје, само мал број од нив ја искористија оваа можност. Останатите и натаму патуваат секој ден и за тоа земаат патни трошоци.

Коментари

Коментари

Реклама