Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

27°

Временска прогноза

27° 14°18.09 / Сре
20° 19.09 / Чет
15° 20.09 / Пет
17° 11°21.09 / Саб
20° 15°22.09 / Нед
23° 14°23.09 / Пон
13° 10°24.09 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Министерството за одбрана денеска објави известување за склучен договор за јавна набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа.

АРМ денеска купи 14.000 униформи за 60 евра по комплет – ќе ги добие во март - arm uniforma

По цена од околу 840.000 евра, АРМ до крајот на март треба да добие комплети од капа, палто и панталони изработени по нејзина спецификација. Набавката, чиј главен критериум била најниската цена, ја добила фирма од Штип, а платното и униформите ќе ги изработи фирма од Истанбул, Турција, како подизведувач, стои во договорот.

Министерството за одбрана огласот за оваа набавка го распишало на 18 септември, а сите пријавени биле обврзани да достават примероци за утврдување на квалитетот.

Набавката на униформи е дел од категоријата „стоки и услуги“ за која Министерството за одбрана догодина ќе има 30 милиони евра. Со тие пари војската треба да купи и чизми, храна, резервни делови, да плати обуки и школувања на припадниците на АРМ. Тоа е една од поголемите категории во армискиот буџет за 2019 година, кој, како што во ноември најави министерката за одбрана  Радмила Шекеринска, е за третина поголем од годинешниот.

– Минатата година одбранбениот буџет порасна за 15 отсто, а зголемувањето за 2019 во споредба со ребалансираниот буџет за 2018 изнесува над 33 отсто – рече Шекеринска.

Во буџетот за следната година, кој е околу 135 милиони евра, АРМ ќе има повеќе пари за опремување и модернизација. Оваа ставка од досегашните 10 е зголемена на 15 проценти, или на повеќе од 20 милиони евра. Со нив, како што најави министерката,  ќе се започне процесот на модернизација на Армијата, почнувајќи со единиците декларирани за учество во меѓународни операции.

Коментари

Коментари

Реклама