Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

27°

Временска прогноза

27° 14°18.09 / Сре
20° 19.09 / Чет
15° 20.09 / Пет
17° 11°21.09 / Саб
20° 15°22.09 / Нед
23° 14°23.09 / Пон
13° 10°24.09 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Со професорот Јове Кекеновски, ЦИВИЛ Медиа разговараше за неговиот предлог опозицијата да се обедини околу еден кандидат за престојните претседателски избори, кои предизпозиции би ги поседувал истиот и за неговиот предлог за најидеалниот кандидат.

Кекеновски: Апсолутната власт, апсолутно расипува – опозицијата да се обедини со еден кандидат за претседател - kekenovaki

„Имајќи ги предивид резултатите од консултативниот референдум, чинам дека ова е убава шанса целата опозиција се здружи конечно и да излезе со еден заеднички кандидат. Актуелната власт, односно политичките партии, не само што ја имаат целокупната власт на национално ниво, туку ја имаат и на локално ниво. Доколку би ја имале уште и претседателската функција тогаш ќе ни се случува она што ни се случуваше во минатото: Апсолутната власт, апсолутно расипува…“, вели Кекеновски, потенцирајќи дека мора да има личност, односно институција што ќе се спротивстави на политиките на партиите што во моментот се на власт.

Новиот кандидат, како што вели Кекеновски, треба да поседува одредени квалитети, односно да биде чесен, со беспрекорна кариера без да биде вмешан во ниту една афера, човек кој ќе мора да го одбрани Уставот, да ги отстрани оние дипломати што не се на висина на задачата.

„Последните денови слушаме од релевантни институции дека одредени државни функционери одавале државни, службени, тајни и работеле против интересите на државата. Идниот претседател мора да побара одговорност. Ако актуелната власт не може, не смее идниот кандидат да ги затвори очите пред голем не само инцидент, туку и срам за државата и мора да побара одговорност… Опозицијата има идеална шанса да се здружи и на една заедничка конвенција избере еден кандидат што ќе го победи кандидатот на партиите на власт“, смета Кекеновски.

На прашањето кој би бил неговиот предлог за кандидат на опозицијата на претседателските избори, Кекеновски одговори дека не би можел да одговори, на конвенцијата би се појавиле повеќе кандидати и дека Македонија има такви кадри. Кекеновски смета дека би требало да биде отворен повик, не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на сите опозициони партии.

„Би било жално и срамно, не само опозицијата, туку Македонија да нема такви луѓе. Јас сум сигурен дека наспроти сите овие 28 години каде ги видовме политичарите во сите светла, имаме такви луѓе што можат достојно да не претставуваат и да ги штитат достојно националните и државните интереси“, убеден е Кекеновски.

Отворено е прашањето дали професорот би се кандидирал за претседател, со оглед дека ги споделува ставовите на опозицијата, барем во делот што се однесува со промена на името и уставните промени.

Коментари

Коментари

Реклама