Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

33°

Временска прогноза

33° 25°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Ќе стави ли потпис претседателот на државата Ѓорѓе Иванов на Законот за амнестија? Изминуваат  два дена откако претседателот на Собранието, Талат Џафери ја информираше јавноста дека законот е пратен на разгледување и потпис во вилата на Водно.

Амнестија, втор ден молк за потписот на Иванов - ivanov gjorgje govornica

Од кабинетот на Иванов молк. Не одговорија на прашањата на Алсат дали Иванов е веќе запознаен со законот, но и дали – и кога може да се очекува негов потпис, за да може амнестијата, со која се предвидува ослободување од кривично гонење и запирање на кривичните постапки, да биде објавена во Службен весник.

Во случај Иванов да стави потпис, потенцијално тоа може да се толкува и како негово индиректно прифаќање на Договорот од Преспа, со оглед на тоа што поранешните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а сега независни, го обезбедија потребното двотретинско мнозинство за промена на Уставот, а паралелно условувајќи го процесот со носење на Закон за амнестија. Но, незадоволство од изгласаниот закон искажаа од Алијансата за Албанците и најавија поднесување на иницијатива до Уставниот суд.

„Алијансата на Албанците го осудува овој чин на носење на таков закон, како што знаете не бевме ни присутни, бевме против овој закон и сега сме во процедура на покренување постапка за оценување на уставноста на овој закон пред уставниот суд. Причините се едноставни, бидејќи таков закон се носи само за една категорија на луѓе, се носи за еден настан, знаејќи дека во затворите во Македонија има полно луѓе што лежат и отслужуваат казни за исти дела или помали дела“, рече Сурија Рушити – пратеник на Алијанса за Албанците.

Роковите кои ги предвидува Законот за амнестија се кратки. Во случај Иванов да го потпише указот за негово прогласување, следува објавување во Службен весник и законот веднаш стапува во сила.

Секој од осомничените, обвинетите или осудените ќе треба потоа сам да побара амнестија во рок од 5 дена, а судот и обвинителството ќе имаат рок од исто 5 дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.  За потсетување, Иванов сè уште ги чува во фиока Законот за јазици и Договорот од Преспа за кои оцени дека се противуставни.

Коментари

Коментари

Реклама